Домашни банки
ТТК Банка со известување за исплата на паричните права од социјална и детска заштита од 4-ти ноември

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека од 4.11.2020 година (среда) ќе започне со исплата на паричните права од социјална и детска заштита за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.
Корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 4.11.2020 г. (среда), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, имајќи ги предвид актуелните мерки за заштита од коронавирусот, исплатата ќе се врши во периодот од 4.11.2020 г. (среда) до 6.11.2020 г. (петок) во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:
- 4-ти ноември (среда) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
- 5-ти ноември (четврток) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
- 6-ти ноември (петок) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
ТТК Банка АД Скопје апелира корисниците коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до утврдениот распоред и при посетата на деловната мрежа да поднесат апликација за изработка на VISA CLASSIC дебитна картичка со што ќе имаат брз, лесен и едноставен пристап до своите средства во секое време.
Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.
Домашни банки
„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

За уште повесели и повозбудливи празници Комерцијална банка организира наградна игра со главна награда во вредност од 1.000.000 денари! (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот