Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка предупредува на лажно претставување со злоупотреба на името на Банката

Објавено

на

TTK Банка АД Скопје идентификуваше обид за лажно претставување на Банката со злоупотреба на името. 

Имено, во рамките на електронска комуникација преку апликацијата Меssеnger од Fаcebook профилот Kredit Privat, одредени физички лица  добиваат лажна информација дека ТТК Банка АД Скопје е соработник на Kredit Privat како и насоки за наводни уплати/исплати со што се прави обид за доведување на лицата во заблуда.

Банката се оградува од содржината на ваквата електронска комуникација и апелира да не се постапува по инструкциите во истата.

Во меѓувреме, Банката ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

Банката ќе го пријави случајот во надлежните институции во согласност со позитивните законски прописи.

Домашни банки

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје на 29.03.2023 година го одржа редовното Годишно собрание на акционери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Списание „Чувари на мудроста“ за секојдневие исполнето со убавина и мудрост

Објавено

на

Предлози за прошетки, екскурзии, патувања, книги за читање, крстозбор, вкусни рецепти и многу други содржини се најдоа во списанието „Чувари на мудроста“ чие прво издание излезе деновиве. Списанието е дел од поголемата кампања на Халкбанк АД Скопје „Чувари на мудроста“, посветена на повозрасната популација, но и на кревање на свесноста за важноста на луѓето кои нè пораснале и од кои многу сме научиле. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка: Во тек е исплатата на мартовските пензии

Објавено

на

Силк Роуд Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека во тек е исплатата на мартовските пензии. (more…)

Продолжи со читање

Популарно