Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

ТТК Банка празнично ќе ги “почасти” своите акционери!

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 02.05.2019 година ќе врши исплата на дивидендата за 2018 година.

Право на исплата на дивиденда за 2018 година имаат сите акционери на ТТК Банка АД Скопје кои се евидентирани во акционерската книга на ден 19.04.2019 година.

Исплатата на дивиденда за 2018 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки.

На физичките лица средствата од дивидендата за 2018 година ќе бидат уплатени на нивните сметки во ТТК Банка АД Скопје или во други банки за кои имаат дадено овластување претходните години.

Физичките лица кои немаат отворено сметки во ТТК Банка АД Скопје ќе треба за исплата на дивидендата да отворат сметка во ТТК Банка АД Скопје или да пополнат Барање за исплата на дивиденда со податоци во која друга банка да им се префрлат средствата. Барањето може да се подигне во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје низ Републиката.

Идентификацијата на акционерите се врши со документ за лична идентификација, лична карта или пасош. Покрај барањето, акционерот треба да достави и копија од трансакциска сметка од Банката во којашто сака да му биде исплатена дивидендата.

Акционерите нерезиденти се должни да достават и копија од пасош со цел обезбедување даночен број од Управата за јавни приходи.

Потврдите за пресметан и платен персонален данок на приход од капитал за дивидендата исплатена во 2019 година ќе бидат доставени до секој акционер. Доколку некои акционери не ја добијат потврдата заради технички причини (промена на адреса и слично), истата може да се подигне во Дирекцијата за сметководство во Централата на ТТК Банка АД Скопје.

Домашни банки

ЕИФ и ПроКредит Банка ја дуплираат поддршката за иновативните компании – дополнителни 800 милиони евра за мали и средни претпријатија

Објавено

на

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит групација ќе пласираат дополнителни 800 милиони евра за иновативни проекти на мали и средни претпријатија (МСП), што претставува вкупно 1.62 билиони евра за кредитирање на компании во 11 држави. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје со поддршка и за традиционалното и за новото

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје како Банка со најдолга историја на пазарот, традиционално обезбедува поддршка на настани од клучно значење за културата и промоцијата на нашите вредности.
(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година беше спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“, која традиционално се одржува за време на верскиот празник Петровден. Годинава, во периодот од 12 до 14 јули, посетителите можеа одблиску да ги запознаат живописноста на Галичник и волшепството на изворното македонско културно наследство, чиј дел е и манифестацијата „Галичка свадба“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange