Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

ТТК Банка оствари профит од 5,7 милиони денари во првиот квартал од 2019 година

Објавено

на

Во првиот квартал од 2019 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување.

Во периодот 1.1.2019 – 31.3.2019 година, преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправки на вредност во износ од 26,6 милиони денари, како резултат на остварени опeративни приходи во износ од 103,7 мил. денари и остварени оперативни трошоци во износ од 77,1 мил. денари. Во истиот период, исправката на вредност на финансиски средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа изнесува 20,9 милиони денари.

Финансискиот резултат за периодот јануари – март 2019 година е позитивен и изнесува 5,7 милиони денари.

Известување за промени во сметководствените политики и методи на вреднување

Во првиот квартал од 2019 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

Финансиски остварувања на Банката

Нето-приходите од камати како основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето во првиот квартал од 2019 година изнесуваат 64,3 милиони денари и бележат пад од 4,4% во однос на истиот период минатата година, што главно произлегува од секторот финансиски институции и банки. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 103%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во анализираниот период изнесуваат 31,3 милиони денари и бележат пораст од 7,2% во однос на истиот период минатата година.

Најголем придонес во структурата на оваа позиција имаат приходите од провизии коишто потекнуваат од платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство како и од приходите од провизии од секторот кредитирање. Планираните нето-приходи од провизии се остварени со 97%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 1,9 милиони денари и бележат раст од 2,5% во однос на истиот период минатата година. Остварувањето на планот изнесува 109%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.3.2019 година изнесуваат 4,8 милион денари и бележат намалување како резултат на повеќе реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот во првиот квартал од минатата година.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 77,1 милиони денари и истите се пониски за 2,7% споредено со истиот период минатата година, пред сѐ како резултат на подобрената оперативна ефикасност.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансната изложеност на нето-основа изнесува 20,9 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата, квалитетот и порастот на кредитните пласмани на Банката.

Очекувања за претстојниот период

Во наредниот период Банката ќе биде насочена кон обезбедување стабилно и профитабилно оперативно работење. Банката ќе презема активности во насока на остварување на целите утврдени во деловната политика за 2019 година. Растот на кредитната активност на Банката се очекува да се реализира преку зголемување на уделот на работа со населението и задржување на фокусот за работа со мали и средни претпријатија. Потпирањето на сопствените извори на финансирање и понатаму ќе биде основа на деловната стратегија, при што и натаму депозитите од секторот население остануваат со доминантно учество во вкупните извори на средства.

Во текот на 2019 година Банката ќе продолжи со преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и подобрување на квалитетот на кредитното портфолио коишто позитивно би влијаеле на финансискиот резултат на Банката.

Домашни банки

Караван на Охридска Банка наменет за мали и средни претпријатија

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал неодамна го започна својот караван на средби со малите и средни претпријатија низ земјата. Целта на овој караван е непосредна комуникација со клиентите и отворена дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат компаниите, како и експертски пристап во насока на подобрување на работата на компаниите и унапредување на меѓусебната соработка.

Во центарот на вниманието на овие работни средби беше неодамна пласираната кредитна линија во соработка со Европската Банка за Обнова и Развој, позната како “Партнер+” кредит.

Имено, станува збор за кредитна линија наменета за малите и средните претприjатија со можност за грант од 15% финансиран од Европската унија, која се карактеризира со максимален износ на поединечен кредит до 1 000 000 евра, грејс период до 12 месеци, конкурентна каматна стапка, минимален рок за враќање на кредитот – 18 месеци и максимален рок за враќање на кредитот – 10 години, како и 15% грант пресметан на износот на финансираната инвестиција, овозможен од Европската унија. Дополнителен бенефит е користењето на бесплатни консултантски услуги од страна на стручни консултанти, ангажирани од ЕБРД, што придонесува и за повисоко ниво на квалитет на проектите финансирани со Партнер + кредитната линија.

Во текот на вчерашниот ден во Охрид се одржа трета работилница по ред, организирана од Охридска Банка, со цел подобро запознавање на претставниците на малите и средни претпријатија со поволностите на Партнер + кредитот, На работилницата преку панел дискусија на која учествуваа преставници од Охридска банка и претставници на стручните консултатни од проектот за поддршка на конкурентноста на МСП, како и директна дискусија со присутните претставници на малите и средни претпријатија, беа споделени детални информации за начинот и процесот на апликација и одобрување на кредити од кредитната линија Партнер +. Претходно вакви работилници се одржаа во Скопје и Штип.

Преку одржаните работилници досега, над 150 претставници на мали и средни претпријатија се запознаа со можностите за зголемување на инвестициите во рамки на своите компании преку користење на оваа поволна кредитна линија.

Повеќе информации за Партнер+ кредитот, за правни лица може да причитате на веб страницата на Банката, во мрежата на експозитури на Охридска Банка, како и на Контакт центар 02 15 050.

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал главен спонзор на 59. издание на “Охридско лето”

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал и оваа година е главен спонзор и поддржувач на една од најзначајните културни манифестации во земјата – Охридско лето, одбележје на градот Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка овозможи online аплицирање за потрошувачки кредити

Објавено

на

За потрошувачките ненаменски кредити на Комерцијална банка АД Скопје отсега може да аплицирате и електронски (online). За сите физички лица, корисници на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, Комерцијална овозможи побрза и поедноставна постапка преку online аплицирањето.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange