Домашни банки
ТТК Банка оствари загуба од работењето во првиот квартал од годинава

Во периодот од 1.1.2020 до 31.3.2020 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2020 година, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување, во услови на прогласена вонредна состојба во државата во месец март 2020 година, поради пандемијата од вирусот COVID-19.
Во периодот од 1.1.2020 до 31.3.2020 година, преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 13 милиони денари, како резултат на остварените оперативни приходи во износ од 91,9 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 81,2 милиони денари. Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 20,7 милиони денари.
Финансискиот резултат за периодот јануари – март 2020 година изнесува -7,7 милиони денари, што е за 13,4 мил. МКД понизок во однос на истиот период минатата година, кој во целост произлегува од падот на пазарната цена на портфолиото за тргување во месец март 2020 година.
Во споредба со планот кој е во согласност со првичните согледувања за последиците што ќе ги предизвика светската пандемија предизвикана од вирусот COVID-19, остварениот финансиски резултат е над очекуваниот резултат за 18,7 % или 1,4 милиони денари.
Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето приходи од камати во периодот од 1.1.2020 до 31.3.2020 година изнесуваат 66,1 милиони денари и бележат пораст од 2,9 % во однос на истиот период минатата година, што главно произлегува од секторот домаќинства. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 97,3 % од Буџетот.
Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 33,2 милиони денари и се зголемени за 6,1 % во однос на минатата година. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство, како и приходите од провизии од финансиската активност – кредитирање. Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 103,2 % од планираните за овој период.
Нето-приходите од тргување изнесуваат -12,7 милиони денари и во однос на минатата година бележат значајно намалување за 13,9 милиони денари како резултат на падот на пазарна цена на сите акции од портфолиото за тргување, поради ефектите на пандемијата на COVID-19. Истите се остварени со 98,9 % од планираните за овој период.
Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 5,2 милиони денари и се остварени со 232,3 % од планираните за овој период.
Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 81,2 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 5,3 %, како резултат во најголем дел на повисоки трошоци за плати, како и материјални трошоци и административни трошоци. Планот е остварен со 99,6 %.
Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 20,7 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.
Во првиот квартал од 2020 година нема прокнижено загуба поради оштетување на нефинансиските средства.
Исплатени дивиденди
На ден 28.2.2020 година, Банката го објави Јавниот повик за учество на Годишното собрание на акционери, коешто врз основа на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба, се одржа на 8.4.2020 година, преку писмена кореспонденција во согласност со насоките и уредбите при вонредна состојба на Државата.
На Седницата на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје беше донесена Одлуката за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивидендата, со која се исплаќа дивиденда за 2019 година во бруто-износ од 99.867.680 денари или висината на бруто-дивидендата по акција изнесува 110 денари односно 11 % од номиналната вредност по акција.
Домашни банки
„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

За уште повесели и повозбудливи празници Комерцијална банка организира наградна игра со главна награда во вредност од 1.000.000 денари! (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот