Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

ТТК Банка оствари добивка од 1,6 милиони евра во 2018 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2018 до 31.12.2018 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување.

Во периодот 1.1.- 31.12.2018 година, преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност, кој споредбено со минатата година е повисок за 37,3 милиони денари или 21,7%, што позитивно влијае на оперативната ефикасност т.е. оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето.

Во истиот период, исправката на вредноста на нефинансиските средства на нето-основа изнесува 54,2 милиони денари, додека исправката на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 42,5 милиони денари.

Финансискиот резултат за периодот од 1.1.2018 до 31.12.2018 година е позитивен и изнесува 101,3 милиони денари односно 1,6 милиони евра.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1-31.12.2018 година изнесуваат 270,8 милиони денари и бележат раст од 2,1% во однос на истиот период минатата година.

Приходите од камата заклучно со 31.12.2018 година изнесуваат 339,7 милиони денари и се зголемени за 2,1% во однос на истиот период минатата година главно како резултат на зголемената кредитна активност на Банката кон секторот домаќинства и секторот нефинансиски друштва. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 94,5% од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 126,2 милиони денари, што се на ниво на 2017 година. Степенот на исполнување на планот е 91,2%.

Нето-приходите од тргување изнесуваат 4,2 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување за 35,7%. Степенот на исполнување на планот е 88,3%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 120,9 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 22,2 милиони денари или 22,5% како резултат на остварената капитална добивка од продажба на дел од имотот преземен врз основа на ненаплатени побарувања.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 320,6 милиони денари и споредено со истиот период минатата година се пониски за 3,0%, како резултат на подобрена оперативна ефикасност. Степенот на исполнување на планот е 99,6%.

Исправката на вредност на нефинансиските средства на нето-основа во периодот јануари – декември изнесува 54,2 милиони денари и е резултат на реализацијата на одредбите од Одлуката на НБРСМ за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања.

Во споменатиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 42,5 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Домашни банки

НЛБ Банка добитник на награда „Компанија ориентирана кон луѓето“

Објавено

на

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк традиционално организираше Ифтар во рамки на месецот Рамазан

Објавено

на

Халкбанк и оваа година, во рамки на месецот Рамазан, традиционално организираше Ифтар за голем дел од своите партнери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Објавено

на

Халкбанк во партнерство со Мастеркард и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ го најавија продолжувањето на својата соработка за третото издание на спортскиот хепенинг „Охрид ТрчаТ“, кој оваа ќе се одржи во периодот од 31 мај до 2 јуни во Охрид. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange