Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка од втори мај ќе започне со исплата на дивиденда

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 02.05.2017 година ќе врши исплата на дивидендата за 2016 година.

Право на исплата на дивиденда за 2016 година имаат сите акционери на ТТК Банка АД Скопје кои се евидентирани во акционерската книга на ден 18.04.2017 година.

 

Исплатата на дивиденда за 2016 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки.

 

На физичките лица средствата од дивидендата за 2016 година ќе бидат уплатени на нивните сметки во ТТК Банка АД Скопје или во други банки за кои имаат дадено овластување претходните години.

 

Физичките лица кои немаат отворено сметки во ТТК Банка АД Скопје ќе треба за исплата на дивидендата да отворат сметка во ТТК Банка АД Скопје или да пополнат барање со податоци во која друга банка да им се префрлат средствата. Барањата за исплата на дивиденда се наоѓаат на шалтерите  во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје низ Републиката.

 

Согласно чл.77 став 1 од Законот за персонален данок на доход, потврдите за пресметан и платен персонален данок на приход од капитал за дивидендата исплатена во 2017 година ќе бидат доставени до секој акционер. Доколку некои акционери не ја добијат потврдата заради технички причини (промена на адреса и слично), истата може да се подигне во Централата на Банката во Дирекцијата за сметководство.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно