Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

ТТК Банка објавува jавен повик за избор на најповолен добавувач за набавка на осигурителни услуги

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје во согласност со интерните акти на Банката и позитивните законски прописи објавува јавен повик за избор на најповолен добавувач на осигурителни услуги за осигурување на градежни објекти, основни средства, мебел и компјутерска опрема, парични средства, физички лица, осигурување од одговорност за дејност, во согласност со дадена спецификација.

ТТК Банка АД Скопје со избраното осигурително друштво ќе склучи Договор за набавка по прифаќање на најповолната понуда за период од 1 (една) година.

Лице за контакт од Банката: Владимир Ѓеровски, е-пошта: vladimir.gjerovski@ttk.com.mk, тел. 02/32 47 000 локал 484.

Облик и содржина на понудата:

1. Понудата се изработува во писмен облик

2. Понудата треба да содржи:

– Име/Назив, адреса и седиште на понудувачот, броеви на телефон и факс, електронски адреси и лица за контакт;

– Тековна состојба на компанијата;

– Единечна цена на понудата, со посебно изразен ДДВ;

– Рок на плаќање (веднаш, 30 дена, 60 дена);

– Рок и начин на испорака;

– Попуст за плаќање;

– Референтна листа.

Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен коверт на следната адреса:

ТТК Банка АД Скопје

ул. „Народен фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје

(со назнака: за избор на Друштво за осигурителни услуги).

Понудите да се достават најдоцна до 20.03.2019 година (среда) до 16:00 часот.

Домашни банки

НЛБ Банка добитник на награда „Компанија ориентирана кон луѓето“

Објавено

на

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк традиционално организираше Ифтар во рамки на месецот Рамазан

Објавено

на

Халкбанк и оваа година, во рамки на месецот Рамазан, традиционално организираше Ифтар за голем дел од своите партнери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Објавено

на

Халкбанк во партнерство со Мастеркард и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ го најавија продолжувањето на својата соработка за третото издание на спортскиот хепенинг „Охрид ТрчаТ“, кој оваа ќе се одржи во периодот од 31 мај до 2 јуни во Охрид. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange