Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка објавува јавен повик за избор на најповолен добавувач за набавка на интегриран софтвер за управување со човечки ресурси

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје објавува повик за избор на најповолен понудувач за набавка на интегриран софтвер за управување со човечки ресурси.

Главни цели за набавката на овој софтвер се:

-елиминирање на повторувачко внесување на исти податоци;

-автоматизација на административните процеси со вграден систем на нотификации;

-автоматизирање и оптимизирање на рутинските барања при администрирање на работните процеси усогласени со ЗРО, ОКД и други закони;

-креирање на единствено досие за секој вработен и едноставен пристап до потребните информации;

-подобрување на ефикасноста на управувањето со човечките ресурси и фокусирање на вистинските потреби и предизвици на Банката;

-интеграција на евиденцијата на работно време со пресметката на плата, во обем во согласност со потребите на Банката.интеграција на евиденцијата на работно време со пресметката на плата, во обем во согласност со потребите на Банката.

Во согласност со потребите на Банката и целите кои треба да се постигнат, понудениот софтвер за управување со човечки ресурси, потребно е најмалку да ги има следните модули:

  1. Модул за персoнална евиденција, кој ќе овозможи:

-создавање на добро дефинирана и ажурирана организациска структура и систематизација на работни места во кој се дефинирани сите потребни предуслови по работни позиции;

-креирање и ажурирање на електронски досиеа на вработените во кои ќе се соберат и поврзат сите потребни податоци и информации за работниот процес на секој вработен со цел да се води сеопфатна и интегрирана евиденција;

-управување со присуства и отсуства;

-систем на награди и казни;

-обуки на вработените;

-евалуирање и оценување на перформансите на вработените и слично.

  1. Модул за пресметка на платиусогласен со законската регулатива за работни односи и пресметка и исплата на плати. Овој модул неопходно е да биде поврзан, со евиденцијата на присуства и отсуства и на работно време и контрола на пристап, во согласност со потребите на Банката.
  2. Модул за евиденција на работно време и контрола на пристап,кој ќе овозможи евиденција т.е регистрирање на влез и излез на вработените од Банката.

Евиденцијата на работното време потребно е да се воспостави на околу 35 локации низ целата држава, со можност на одредени локации да има контрола на пристап.

Во случај на пропуштена или несоодветна регистрација на вработениот во системот, потребна е функционалност со која претпоставениот раководител може да врши дополнителни интервенции и корекции во записите со цел комплетирање на циклусот на настани влез/излез на дневно ниво.

Во сите модули како контролни механизми, неопходно е вградување на систем на нотификации и можност за брзо и едноставно генерирање на извештаи.

При воспоставување на софтверот од страна на избраниот набавувач потребно е да се обезбеди интегрирана поврзаност на сите горенаведени модули, можност за неограничено модифицирање и дополнување на сите податоци и инпути, соодветна миграција на сите досегашни електронски водени податоци во понудениот софтвер и системски код на софтверот за потребите на ИТ службата, како и обука на вработените.

Значајни напомени:

Бараните евиденции треба да се воспостават за околу 250 вработени во Банката.

Набавката не е деллива. Понудувачите треба да аплицираат за сите предвидени точки во јавниот повик во согласност со погоре наведената спецификација

ТТК Банка АД Скопје со избраната компанија ќе склучи договор за набавка по прифаќање на најповолната понуда.

Услугите предмет на договорот ќе се извршуваат во просториите на Банката и/или преку дозволен далечински пристап.

По изработка и полна функционалност на софтверот, неопходно е во најбрз можен рок да се отстрануваат сите воочени функционални и технички недостатоци и дефекти, како и итна реакција кога се неопходни итни измени и доработки на постојните функционалности, предизвикани од промена на законската регулатива и слично.

Лицa за контакт од Банката:

–           Марија Петрушевска, електронска пошта: hr@ttk.com.mk, телефон: 071/340-838 или 02/32 47 000 локали: 421, 466 и 438

Облик и содржина на понудата:

  1. Понудата се изработува во писмен облик.
  2. Понудата треба да содржи:
  • Име/Назив, адреса и седиште на понудувачот, броеви на телефон и факс, електрoнска пошта (е-mail) и лица за контакт;
  • Цена на понудата, со посебно изразен ДДВ;
  • Рок на плаќање;
  • Рок на испорака на софтверското решение;
  • Гарантен период;
  • Постгарантно одржување;
  • Референтна листа.

Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен плик на следната адреса:

ТТК Банка АД Скопје

ул. „Народен фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје

(со назнака: за интегриран софтвер за управување со човечки ресурси).

Понудите да се достават најдоцна до 10.12.2018 година (понеделник) до 16:00 часот.

Домашни банки

Аванс на дивиденда за акционерите на Стопанска банка

Објавено

на

Собранието на акционери на Стопанска банка АД Скопје донесе одлука за прераспределба на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со награда за „Сајт на годината“ за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата„Сајт на годината“, веб страницата на НЛБ Банка: nlb.mk го доби признанието за најдобар сајт во Македонија, во категоријата финансиски услуги, банкарство и осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Изложба на дела од колонијата „Вевчански видувања“ 2018 во НЛБ Галерија

Објавено

на

Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања, како и на Компанијата „ВИА“, на 17 декември (понеделник), во 19 часот, во НЛБ Галерија во Скопје, свечено ќе биде отворена ИЗЛОЖБАТА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange