Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка изврши измени во тарифата за надоместоци на услугите за дебитни и за кредитни VISA картички

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти за промената на тарифата од областа на работењето со дебитните и со кредитните VISA картички во согласност со пазарните услови.

Со важност од 1-ви април членарината за дебитните Visa картички со месечен промет над 8.000 денари, остварен преку ПОС терминалите во трговската мрежа, и понатаму останува без надоместок, додека за дебитните картички со месечен промет до 8.000 денари ќе изнесува 20 денари. Задолжувањето на членарината ќе се врши на последниот ден од месецот. Од оваа промена се изземаат корисниците на дебитни картички кои се приматели на пензија и социјална помош преку ТТК Банка АД Скопје.

Членарината за кредитните картички за примателите на плата и пензија преку ТТК Банка АД Скопје месечно ќе изнесува 75 денари, додека за останатите корисници 125 денари. Корисниците кои имаат остварен годишен промет во трговија над 100.000 денари и понатаму нема да се задолжуваат за овој трошок.

Со важност од 5-ти април се менуваат провизиите за подигнување готовина со дебитни Visa картички на банкомати од другите банки во земјата и во странство, како и провизиите за подигнување готовина сo кредитните Visa картички на сите банкомати во земјата и во странство за корисниците – физички и правни лица. Подигнувањето на готовина од банкомат на ТТК Банка, со дебитна Visa картичка, за корисниците – физички лица и понатаму останува бесплатно.

Тарифата можете да ја преземете тука како и во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје континуирано вложува во унапредување на услугите и во подобрување на корисничкото искуство со Visa картичките овозможувајќи:

  • Плаќање на рати без надоместок за Visa дебитни картички до 6 (шест) рати;
  • Бесконтактно плаќање без провизија на ПОС терминалите во земјата и во странство;
  • Промена на дневен лимит за плаќање преку интернет, достапно преку TTK E-bank и TTK M-bank;
  • Едноставно следење на промените и состојбата на картичките преку дигиталните канали TTK E-bank и TTK M-bank и преку електронските сервиси за информирање;
  • „3DS2 Secure“ највисоко ниво на безбедност за интернет-трансакции;
  • „Cash In“ функционалности достапни преку широката мрежа на банкомати;
  • Чип-технологија за поголема сигурност и безбедност;
  • Издавање/обновување на картичката на долг рок од 5 години;
  • 24-часовна поддршка на корисниците, насекаде во светот.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно