Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за предвремена исплата на пензиите од 26-ти август 2020 година

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува псвоите очитувани корисници дека почнувајќи од 26-ти август 2020 година банката ќе врши исплата на пензијата за месец август на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје и тоа на следниот начин:

  • од 26.8.2020 г. (среда) на корисниците на Visa дебитните картички кои ќе можат да располагаат со средствата, безготовински – преку мрежата на банкомати или за плаќања во трговската мрежа.

За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, заради заштита на нивното здравје и превенција од ширењето на коронавирусот, исплатата ќе се реализира во сите отворени филијали и експозитури во 4 групи според висината на пензијата и тоа:

  • до 11.000 денари на 26.8.2020 г. (среда)
  • од 11.001 до 14.000 денари на 27.8.2020 г. (четврток)
  • од 14.001 до 18.000 денари на 31.8.2020 г. (понеделник)
  • над 18.000 денари на 1.9.2020 г.  (вторник)

Напомена: За корисниците на пензии од Еуростандард Банка АД Скопје коишто отвориле денарска сметка заклучно со 21-ви август, исплатата на пензиите ќе се реализира во предвидениот период од 26-ти август до 1-ви септември 2020 година.

За корисниците на пензии коишто не отвориле сметка и не ја пријавиле кон ПИОМ заклучно со 21-ви август, ќе се организираат дополнителни термини за редовна исплата во месец септември, во деновите 7.9.2020 г. (понеделник), 14.9.2020 г. (понеделник) и 25.9.2020 г. (петок).

ТТК Банка АД Скопје апелира средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа преку електронското или мобилното банкарство, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите, од ТТК Банка потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете. Пензионерите коишто не поседуваат дебитна картичка можат да ја искористат посетата за да поднесат барање за изработка на дебитна картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време за плаќање во трговската мрежа, како и можноста за подигнување на средствата од банкомат.

Домашни банки

Вработените во ПроKредит Банка – најголеми шизици оваа есен!

Објавено

на

Тимската припадност, взаемната поддршка и заедничките вредности и цели се основни работи кои еден тим го прават компактен и професионален. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Премиерот Заев прими претставници на Шпаркасе Банка Македонија: Инвестициите во банкарскиот сектор се силен сигнал за стабилниот финансиски сектор

Објавено

на

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ги прими членот на Бордот на директори на австриската Штаермаркише Шпаркасе Банка д-р Георг Бухер, кој воедно е и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, и претседателот на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Македонија, д-р Глигор Бишев. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка Македонија со информација за исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги информира своите почитувани клиенти дека од денес 03.12.2020 година (четврток), Банката ќе врши исплата на гарантирана минимална помош – ГМП за месец Ноември 2020 година која ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички. (more…)

Продолжи со читање

Популарно