Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5% на годишно ниво

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје известува дека ќе изврши исплата на годишната камата, по каматна стапка од 3,5% на годишно ниво, на имателите на корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200012 и шифра ТТКО.

Исплатата на камата ќе се изврши на 18.9.2020 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – прва емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.9.2020 година.

Тргувањето со обврзниците на ден 16 и 17 септември 2020 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 365 и 366 денови соодветно, при што Купувачот, при порамнувањето на 18 и 21 септември 2020 година, ќе треба да го уплати износот на чистата цена  +  акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 18 и 21 септември 2020 година, соодветно, и нема да остварат право на исплата на годишната камата.

Домашни банки

Експозитурите и филијалите на Комерцијална банка со ново работно време

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека филијалите низ земјава и дел од експозитурите во Скопје во сабота ќе работат од 09 до 12 часот. Во Скопје, во сабота започнуваат да работат експозитурите КБ1, Бисер, Автокоманда, Цветан Димов и Сити Мол. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Снежана Георгиева предложена за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола објави јавен повик за учество на 47-та седница на Собранието на акционери на Банката, закажана за 11.11.2020 година (среда), со почеток во 12.00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Последен ден за поднесување барање за продолжување на грејс-периодот за кредитите од Развојната банка

Објавено

на

Повикот за поднесување барање до Развојната банка за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на посебниот кредитен фонд „Ковид 1“ трае до денеска до 23.59 часот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно