Домашни банки
ТТК Банка започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека од 1.11.2021 година започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец октомври 2021 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.
Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички можат да располагаат со средствата од 1.11.2021 година (понеделник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
За корисниците кои немаат дебитни картички, исплатата во експозитурите и филијалите се врши во согласност со утврдениот распоред, по азбучен редослед според првата буква од презимето и тоа:
- 1-ви ноември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 2-ри ноември (вторник) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со цел заштита на здравјетo, од банката препорачуваат средствата да ги користите првенствено со безготовински плаќањa во трговската мрежа, со плаќања преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, или да ги подигнувате без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.
Корисниците кои имаат бесконтактни Visa и Mastercard® дебитни картички на ТТК Банка АД Скопје можат да ги користат средствата со безготовинско плаќање без внесување ПИН за износи до 4.500 денари.
Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката од ТТК Банка апелираат да се почитува редоследот на исплата по датум и азбучен ред како и превентивните мерки за заштита на јавното здравје (носење на заштитна маска, одржување на пропишаното минимално растојание и дезинфицирање на рацете).
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје