Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка донираше компјутери и компјутерска опрема за ученици од социјално ранливи семејства

Објавено

на

ТТК Банка донираше компјутери и компјутерска опрема за ученици од социјално ранливи семејства од општина Крушево во рамки на кампањата ‘’Донирај го својот компјутер’’.

На овој начин Банката продолжува со општествено одговорните практики и дава свој допринос во настојувањата да се надминат ограничувањата на кои сме изложени и истовремено дава поддршка на  акцијата за овозможување на пристап до компјутери на што е можно поголем број на деца и млади од најпогодените семејства.

„Задоволство ни е што денес ја реализираме донацијата на компјутерска опрема. Знаеме дека информатичкото образование е многу важно за натамошно унапредување и информираност не само во училиште туку и во други области од животот, а и во слободното време. Применувајќи општествено одговорни практики ТТК Банка континуирано ги поддржува проектите насочени кон најосетливите сегменти. Искрено се надевам дека оваа донација која е скромна, но од срце  ќе ги реши проблемите и ќе ги израдува учениците на кои ќе им бидат доделени, ќе им овозможи ефикасно следење на електронската настава, развој на нивните компјутерски вештини и ќе ги поттикне да остваруваат уште подобри резултати”. –изјави Претседателот на Управниот Одбор на ТТК Банка др. Драгољуб Арсовски.

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски се заблагодари на ТТК Банка за донацијата и покажаната хуманост и истакна дека благодарение на донираната компјутерска опрема учениците ќе бидат во можност да го подобрат следењето на образовниот процес.

„Донацијата на ТТК Банка ќе овозможи следење на „онлајн“ настава на ученици од семејства кои не можат да си дозволат компјутер или таблет и генерално на овој начин ги помагаме семејствата да имаат соодветна алатка во време на дигитализација. Голема благодарност до општествено одговорната ТТК Банка и ми е особено драго што ја продлабочуваме соработката“, изјави градоначалникот Христоски.

Домашни банки

Експозитурите и филијалите на Комерцијална банка со ново работно време

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека филијалите низ земјава и дел од експозитурите во Скопје во сабота ќе работат од 09 до 12 часот. Во Скопје, во сабота започнуваат да работат експозитурите КБ1, Бисер, Автокоманда, Цветан Димов и Сити Мол. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Снежана Георгиева предложена за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола објави јавен повик за учество на 47-та седница на Собранието на акционери на Банката, закажана за 11.11.2020 година (среда), со почеток во 12.00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Последен ден за поднесување барање за продолжување на грејс-периодот за кредитите од Развојната банка

Објавено

на

Повикот за поднесување барање до Развојната банка за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на посебниот кредитен фонд „Ковид 1“ трае до денеска до 23.59 часот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно