Connect with us

Кредити

ТТК Банка го продолжи промотивниот период на СУПЕР станбениот кредит

Објавено

на

ТТК Банка го понуди Супер станбениот кредит без надоместок за одобрување во промотивен период до 31.07.2018 година и со исклучително атрактивни услови за поволно кредитирање во рамките на двете актуелни понуди за овој производ.

Корисниците приматели на плата/пензија во ТТК Банка имаат можност да аплицираат за СУПЕР станбен кредит со ФИКСНА каматна стапка од 2,85% годишно во првите три години, односно променлива каматна стапка од 6м ЕУРИБОР + 5,85 процентни поени во останатиот период.

Во рамките на втората понуда, СУПЕР станбениот кредит нуди ФИКСНА каматна стапка од 3,85% во првите пет години, односно променлива каматна стапка од 6м ЕУРИБОР + 5,85 процентни поени во останатиот период.

Покрај атрактивната фиксна каматна стапка во период до 5 години, СУПЕР станбениот кредит е достапен и со дополнителни олеснувања – без трошок за обработка на барање за кредит, без трошок за процена, грејс период до 12 месеци, 10% сопствено учество и без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства.

Супер станбениот кредит е наменет за купување нов/стар стан, куќа од физичко или правно лице, за изградба, доградба или надградба на станбен простор (стан или куќа), како и за рефинансирање станбен кредит од друга банка.

Повеќе информации за оваа понуда корисниците можат да најдат на интернет-страницата www.ttk.com.mk и во експозитурите и филијалите на Банката.

Кредити

ИНСТАНТ ненаменски потрошувачки кредит на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка Ви го претставува Инстант кредитот достапен за корисниците на електронското банкарство на ТТК Банка! Едноставно, брзо и без чекање во редови обезбедете дополнителни средства со брзо електронско одобрување по најповолни услови.

Износ до 30 000 денари во зависност од кредитоспособноста и отплата со еднакви месечни ануитети. Каматната стапка на кредитот изнесува 5,9% и е фиксна каматна стапка.

За повеќе информации проверете тука.

Продолжи со читање

Кредити

Ненаменски потрошувачки кредит на Стопанска Банка АД Битола

Објавено

на

Намена: ненаменски – средствата се префрлаат на трансакциската сметка на корисникот (не е потребно да се бара доказ за намената на кредитот).

Максимален износ:

  • Согласно кредитната способност на Барателот за кредит – до 900.000 МКД
  • БЕЗ ЖИРАНТИ – до 300.000,00 МКД за вработени во ЈП, буџетски и финансиски институции и приватни фирми прифатливи за Банката
  • СО 1 ЖИРАНТ – од 300.001,00 до 600.000,00 МКД- за вработени во ЈП, буџетски и финансиски институции и приватни фирми прифатливи за Банката
  • СО 1 ЖИРАНТ – до 300.000,00 МКД за вработени во останати приватни фирми
  • СО 2 ЖИРАНТИ – од 600.001,00 МКД до 900.000,00 МКД – за вработени во ЈП, буџетски и финансиски институции и приватни фирми прифатливи за Банката СО 2 ЖИРАНТИ – од 300.001,00 до 450.000,00 МКД за вработени во останати приватни фирми

РОК НА ВРАЌАЊЕ – до 72 месеци

Трошок за аплицирање за кредит – 500,00 МКД

Провизија за одобрен кредит – 2%.

За повеќе информации проверете тука.

Продолжи со читање

Кредити

Силк Роуд Банка го продолжи промотивниот период на кредити за физички лица

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите идни корисници на услугите на банката дека го продолжи промотивниот период на кредитните производи за физички лица до 31.12.2018 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange