Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка го определи износот на дивиденда за 2016 година?

Објавено

на

Врз основа на член 40 став 1 алинеја 9 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје, до Собранието на Банката кое ќе се одржи на ден 31.03.2017 година е доставена следната предлог Одлука за определување на износот на дивиденда и датуми на исплата на дивиденда за 2016 година.


Согласно предлог Одлуката планирано е да се исплати дивиденда во бруто – износ од 74.648.494,00 денари. Банката, во согласност со важечката регулатива од бруто износот на дивидендата при исплата на физичките лица ќе задржи и уплати персонален данок на доход, додека при исплата на правните лица ќе задржи и уплати данок по задршка каде што е применливо.

 

Висината на бруто дивидендата по акција ќе изнесува 82,22214 денари, односно 8,222214% од номиналната вредност на акцијата која изнесува 1.000,00 денари.

 

Доколку се усвои Одлуката, последниот ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 11.04.2017 година, додека првиот ден на тргување без право на дивиденда за 2016 година е 12.04.2017 година. Исплатата на дивидендата планирано е да започне на 02.05.2017 година.

 

Извор: Македонска Берза

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно