Домашни банки
ТТК Банка ги исплати паричните права од социјална заштита


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека од 4.8.2020 година, Банката започа со исплата на паричните права од социјална заштита за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.
Корисниците на Visa дебитните картички веќе можат да располагаат со средствата од 4.8.2020 г. (вторник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, имајќи ги предвид актуелните мерки за заштита од корона вирусот, исплатата се врши во периодот од 4.8.2020 г. (вторник) до 6.8.2020 г. (четврток) во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:
- 4-ти август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
- 5-ти август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
- 6-ти август (четврток) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Од Банката апелираат клиентите коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до утврдениот распоред и при нивната посета на филијалите и експозитурите да пополнат барање за изработка на дебитна картичка со што ќе имаат лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време.
Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.
Домашни банки
НЛБ Банка донираше 60 лаптопи за училишта и ученици од социјално ранливи семејства


НЛБ Банка како компанија е континуирано посветена на обезбедување поддршка во општествено одговорни активности особено кај најранливите категории. За време на Ковид кризата која нѝ наметна многу предизвици, Банката започна голема донаторска акција која денеска ја финализираше и подари 60 персонални компјутери (лаптопи) наменети за училишта и ученици од социјално ранливи семејства, а со цел поддршка при реализација на онлајн наставата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка учествуваа со 9,4 милиони евра во вкупната добивка на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата


Во 2020 година, Штаермеркише Шпаркасе Групацијата започна да опслужува повеќе од 800.000 клиенти за првпат, докажувајќи дека е сигурен, стабилен партнер во Штаерска, Виена, Босна и Херцеговина и во Северна Македонија. (more…)
Домашни банки
Групацијата Штаермеркише Шпаркасе оствари нето добивка од 80 милиони евра во 2020 година


„Минатата година бараше многу од сите нас. Сите моравме да покажеме истрајност, подготвеност за промена, генијалност и храброст. Главно помагавме во области каде што луѓето беа особено погодени од кризата, и во многу случаи бевме во можност да им понудиме на нашите клиенти приспособени решенија: регионално, во нашите локални експозитури и центри за поддршка, како и преку нашите дигитални платформи. И покрај предизвикувачките услови за работа, Штаермеркише Шпаркасе постигна охрабрувачки стапки на раст. Да се биде во можност да се забележи раст на депозитите, кредитите и на вкупниот биланс на состојба во вакви времиња е голема победа за Штаермеркише Шпаркасе и за сите нејзини вработени. Кај трансакциите со хартии од вредност, дефинираните цели беа дури и надминати. Проектите за спојување со Охридска банка во Северна Македонија и Банкхаус Крентшкер ни отвораат нови можности што сакаме да ги искористиме и ќе ги искористиме. Подготвени сме да го продолжиме патот на раст во 2021 година, па дури и да го надминеме“, вели Герхард Фабиш, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе. (more…)
- Анализипред 3 days
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 4 weeks
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 5 days
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 1 month
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Кредитипред 2 months
Поволни онлајн кредити без скриени трошоци
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите