Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Банки

ТТК Банка вработува!

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје објавува оглас за вработување на следното работно место.

Референт/Соработник на благајна

(1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)

Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата):

  • Минимум средно економско образование (соодветно високо образование ќе се смета за предност)
  •  Одлично познавање на македонски јазик
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери
  • Комуникациски и организациски вештини
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за тимска работа
  • Професионално однесување
  • Претходно работно искуство во банка или финансиска институција ќе се смета како дополнителна
    предност при селекцијата на кандидатите
  • Пожелно е кандидатот да поседува возачка дозвола – Б категорија

Краток опис на работното место:

  • Благајничко работење и работење во платниот промет во согласност со упатствата и законската
    регулатива
  • Безготовински платен промет во земјата и во странство
  • Готовински уплати и исплати
  • Брз трансфер на пари
  • Менувачки работи
  • Трезорско работење
  • Отворање, сервисирање и затворање на трансакциски сметки
  • Продажба и сервисирање на депозитни производи на банката
  • Продажба и сервисирање дебитни и кредитни картички
  • Трајни налози
  • Продажба на сервисот Електронско банкарство

Работно време: 40-часовно неделно работно време распоредено во рамките на работното време на Експозитурата

Локација на работното место: Експозитура во градот Скопје

Загарантирана почетна нето плата:

  • Минимална: 18.000,00 денари
  • Максимална: ќе биде предмет на договор во зависност од компетенциите на избраниот
    кандидат

Останати информации:

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование и други документи коишѕо ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 31.12.2018 година (понеделник), со назнака: „Апликација за благајник во Скопје“ на следната адреса за е-пошта: kariera@ttk.com.mk или во печатена копија на адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. „Народен фронт “ бр. 19а, 1000 Скопје.

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Можност за вработување во Стопанска банка АД-Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје постојано има потреба од надополнување на потенцијалната база на заинтересирани кандидати од следните области: (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange