Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка бележи позитивни финансиски резултати за првото полугодие

Објавено

на

Во периодот јануари – јуни 2018 година, Банката оствари позитивен финансиски резултат во износ од 31,9 милиони денари и покрај издвоените исправки на вредност за финансиски средства на нето-основа во износ од 45,5 милиони денари и исправки на вредност за нефинансиски средства на нетооснова во износ од 51,1 милиони денари.

Нето приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето. Остварените нето приходи од камати во првото полугодие од 2018 година изнесуваат 135,5 милиони денари и забележуваат 96,4% реализација на Буџетот.

Приходите од камата во првото полугодие од 2018 година изнесуваат 169,9 милиони денари. На годишно ниво, зголемената кредитна активност на Банката кон секторот домаќинства и секторот нефинансиски друштва резултира со зголемени приходи од камати за 4,5% во однос на истиот период минатата година.

Расходите за камати изнесуваат 34,5 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се пониски за 3,6%.

Нето приходите од провизии и надоместоци за услуги во првото полугодие од годината изнесуваат 60,4 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се пониски за 2,9%. Степенот на исполнување на планот е 90,4%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 3,9 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се пониски за 18,3%. Степенот на исполнување на планот е 89,8%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 79,7 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 36,6 милиони денари или 84,8%, како резултат пред сѐ на реализираните капитални добивки од продажба на средства.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 154,6 милиони денари и споредено со истиот период минатата година се пониски за 4,1%. Степенот на исполнување на планот е 97,5%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

Домашни банки

Антонио Аргир ја направи првата трансакција преку NLB Pay апликацијата со која донираше средства за Специјална Олимпијада Македонија

Објавено

на

НЛБ Банка ја промовираше новата бесплатна услуга, NLB Pay мобилен паричник – која овозможува бесконтактно плаќање на продажните места само со доближување на мобилен телефон до ПОС терминал. NLB Pay е уште една современа дигитална услуга на Банката, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Банкосигурување настан: Сигурно е да си осигуран!

Објавено

на

Во свет полн со предизвици и непредвидливи моменти, Сигурно е да си осигуран! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Унапредување на енергетската ефикасност во домаќинствата со Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка Ве поканува да бидете дел од настанот „Унапредување на енергетската ефикасност во домаќинствата“ кој ќе се одржи на 24 септември во Хотел Вила Парк во Струмица, со почеток во 17:00 часот.

На настанот ќе имате можност да се информирате за GEFF програмата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) која ги поддржува проектите за унапредување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Тимот на Шпаркасе Банка ќе Ве запознае подобро со условите на ЕКО кредитите, начинот на аплицирање и можноста за грант до 20% од износот на инвестицијата.

Дојдете и подобро запознајте се со GEFF програмата и ЕКО кредитите, а по завршување на настанот ќе продолжиме со заедничка дружба и размена на искуства.

Се гледаме на настанот.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange