Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ќе биде спонзор на активностите на Македонската филхармонија

Објавено

на

Во правец на својата посветеност за поддршка на вистинските универзални вредности, ТТК Банка АД Скопје годинава со големо  задоволство и безрезервно ја дава својата поддршка на Македонскатафилхармонија, една од најзначајните културни институции во земјава.

Во текот на новата концертна сезона 2018/19, ТТК Банка АД Скопје ќе биде горд поддржувач, ќе ги следи и ќе се радува на врвните музички изведби на фантастичните музичари од земјава и од светот, солистите и диригентите, кои ќе настапуваат заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.

Со оваа соработка, ТТК Банка АД Скопје ја потврдува својата посветеност на вредностите што ги застапува – квалитет, ентузијазам, умешност, искуство и знаење, тимски дух и професионалност. Ова партнерство истовремено ја означува и промовира соработката помеѓу културата и бизнисот што претставува глобален тренд и е од огромно значење за развој на современите концепти на уметничкото и културното творештво.

ТТК Банка АД Скопје како банка со традиција и искуство од една, и иновација и ентузијазам од друга страна, е веќе препознатлива како општествено одговорна компанија којашто поддржува значајни проекти од областа на културата, науката, спортот и поширокиот општествен интерес.

Со радост и во исчекување на нови уникатни доживувања, го поздравуваме почетокот на новата концертна сезона и посакуваме успешни и незаборавни концерти во кои ќе имаме прилика да уживаме!

Домашни банки

CyberMonday @i-bank store на Стопанска Банка АД Скопје

Објавено

на

Во екот на најголемите глобални online настани Стопанска банка одлучи да организира свој сопствен online настан со цел промоција на e-commerce кај одбрани локални трговци, но и купувањето online од страна на корисниците на платежни картички.

Cyber Monday ќе се одржи се разбира во понеделник, на 26ти ноември и тоа во i-bank store филијалата на Стопанска Банка.

Учесниците на Cyber Monday ќе добијат износ до 5.000 денари на платежна картичка и термин од 10 минути за online купување на македонски e-commerce страници! Значи, de facto, одлична прилика за бесплатен шопинг 🙂

Се што треба да направите за да пројавите интерес за учество е да одговорите на прашалниот на тука, а потоа очекувајте да бидете извлечени и контактирани за учество во првиот Cyber Monday настан во i-bank store!

Банката по случаен избор ќе избере вкупно 30 учесници кои ќе добијат 10 минутен термин во понеделник, на 26ти ноември да ги испробаат своите online шопинг спобности во филијалата i-bank store. Секако, се што ќе си купат ќе си биде нивно 🙂

Продолжи со читање

Домашни банки

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките

Објавено

на

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките поради неплатени долгови. На вчерашната средба на Банкарската асоцијација со министерот Тевдовски и министерката Дескоска, банките се согласиле да не наплаќаат надомест доколку се блокира сметка на човек кој е социјален случај, прима алиментација, хуманитарна помош или друг вид заштитен приход. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange