Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ја прошири мрежата на банкомати

Објавено

на

Со цел да овозможи подостапни услуги на корисниците,ТТК Банка АД Скопје ја прошири своjата мрежа на банкомати со поставување нови банкомати на две локации.

Еден банкомат е поставен на бензинската станица „Европа 92“ во с. Лешок, на магистралниот пат Тетово – Јажинце. Со тоа, услугите преку банкомат им се достапни и на корисниците од овој тетовски регион, односно корисниците имаат можност во секое време да подигнуваат готовина без провизија, да извршат проверка на состојбата на сметката, самостојно да извршат промена на ПИН-кодот на својата VISA Classic Debit дебитна картичка, и сл.

Нов мултифунционален банкомат е поставен во рамките на експозитурата Скопје Аеродром на бул. „Јане Сандански“ бр. 26а Скопје. И покрај стандардните услуги, отсега корисниците ќе можат да извршат уплата на готовина на својата трансакциска сметка во Банката, а правните лица да го уплатат дневниот пазар. За користење на услугата потребно е корисниците да се идентификуваат со VISA платежните картички.

Услугите преку банкоматите се достапни 24/7.

Со поставувањето на новите банкомати, ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата мрежа на банкомати на вкупно 38 локации ширум земјата.

Во секое време на располагање на корисниците им се услугите достапни преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank и електронското банкарство TTK E-bank, кои на корисниците им овозможуваат на брз и едноставен начин да управуваат со својата банкарска сметка од својот мобилен телефон, независно од локацијата и работното време на експозитурите и филијалите на Банката.

Повеќе информации за мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје, мрежата на филијали и експозитури на Банката можeте да најдете на следниот линк како и на апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank.

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје започнувајќи од 1-ви февруари ќе изврши промена на Тарифата за платен промет во земјата

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека почнувајќи од 01.02.2021 година направи измена во тарифата за надоместоци и услуги на Банката во делот на месечно одржување на трансакциона сметка за правни лица, се менуваат следните тарифни ставки и истите гласат: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на јануарските пензии

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.01.2021 година). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на јануарските пензии

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец јануари на трансакциска сметка да биде денес, на (26-ти јануари 2021 година). (more…)

Продолжи со читање

Популарно