Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа со нова експозитура во Ѓорче Петров

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата деловна мрежа со отворање нова експозитура во Општина Ѓорче Петров во Скопје на ул. „Мице Козар“ бр. 1.
Експозитурата ќе работи секој работен ден, од понеделник до петок, со работно време од 8:00 до 16:00 часот.

На новата локација, Банката ќе им овозможи на физичките и на правните лица сеопфатни банкарски услуги, со конкурентни и поволни услови.

„Со особено задоволство,  денес, свечено го означуваме почетокот на работата на новата експозитура на ТТК Банка АД Скопје на уште една атрактивна локација во Скопје, во Oпштина Ѓорче Петров. Наша цел е да им понудиме на нашите корисници што е можно подостапни производи и услуги и да им овозможиме брзa и ефикасна поддршка при реализација на нивните финансиски цели и потреби. ТТК Банка АД Скопје континуирано работи на својот раст, развивајќи и модернизирајќи ги своите производи и услуги, a исто така минатата година значајно ја прошири и мрежата банкомати којашто достигна над 80 локации’’ – истакна претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, проф. д-р Драгољуб Арсовски.

Со отворањето на новата експозитура, ТТК Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа на вкупно 30 локации, од кои 9 во Скопје, а останатите 21 надвор од главниот град.

Тековно сите корисници имаат можност да го користат електронското банкарство TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank без трошоци за активирање и за месечно одржување.

Банката, со својата стабилна пазарна позиција и потврден капацитет, континуирано остварува позитивни резултати. Еден од главните приоритети на ТТК Банка АД Скопје продолжува да биде постојаното вложување во новата технологија и понуда на брзи, поволни, едноставни и достапни производи и услуги.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Објавено

на

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.

Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.

Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.

Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.

„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.

Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.

Продолжи со читање

Популарно