Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ја исплати третата камата на сопствениците на Корпоративни обврзници – прва емисија

Објавено

на

На 19.9.2022 година ТТК Банка АД Скопје ја исплати каматата за третата година на сопствениците на корпоративни обврзници – прва емисија со ISIN MKTTKS200012 и шифра TTKO.

Пресметката на каматата е извршена по фиксна каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – прва емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.9.2022 година.

Во септември 2019 година ТТК Банка АД Скопје ја издаде првата емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100 % од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од пет години и три месеци, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра, и фиксна каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво.

Обврзниците се котирани на официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје каде што се овозможува секундарно тргување со нив.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно