Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ја зголеми добивката за 77%

Објавено

на

Во првото полугодие од 2019 година, ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување. Во анализираниот период Банката ги оствари планираните оперативни и финансиски цели, при што е зачувана висока ликвидност, стабилност и солвентност.

Во периодот 01.01.2019 – 30.06.2019 година, преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредноста во износ од 104,6 милиони денари како резултат на остварените опeративни приходи во износ од 258,8 мил. денари и остваренитe оперативни трошоци во износ од 154,2 мил. денари. Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансната изложеност на нето-основа изнесува 47,4 милиони денари.

Финансискиот резултат за периодот јануари – јуни 2019 година е позитивен и изнесува 56,7 милиони денари, што е за 77,3% повисок од добивката од истиот период минатата година. Зголемениот резултат се должи пред сè на успешното редовно работење и управување со активата и пасивата на Банката, спроведувањето на целите зацртани со деловната политика, контролата на оперативните трошоци и ефикасното управување.

Финансиски остварувања на Банката

Нето-приходите од камати како основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето во првото полугодие од 2019 година изнесуваат 131,8 милиони денари и бележат пад од 2,8% во однос на истиот период минатата година, што главно произлегува од секторот финансиски институции и банки. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 103,6%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во анализираниот период изнесуваат 65,6 милиони денари и бележат пораст од 8,6% во однос на истиот период минатата година. Најголем придонес во структурата на оваа позиција имаат приходите од провизии коишто потекнуваат од платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство како и од приходите од провизии од секторот кредитирање. Планираните нето-приходи од провизии се остварени со 98,1%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 4,1 милиони денари и бележат раст од 3,0% во однос на истиот период минатата година. Остварувањето на планот изнесува 104,2%.

Нето-приходи од тргување од средствата и обврските за тргување изнесуваат 5,3 милиони денари и бележат раст од 47,7% во однос на истиот период минатата година.

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.6.2019 година изнесуваат 52,1 милион денари и бележат намалување како резултат на повеќе реализирани приходи од капитална добивка од продажбата на преземениот имот во првото полугодие од минатата година.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 154,2 милиони денари и истите се пониски за 0,2% споредено со истиот период минатата година, пред сѐ како резултат на подобрената оперативна ефикасност.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансната изложеност на нето-основа изнесува 47,4 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата, квалитетот и порастот на кредитните пласмани на Банката.

Очекувања за претстојниот период

Во наредниот период Банката ќе биде насочена кон обезбедување стабилно и профитабилно оперативно работење. Банката ќе презема активности во насока на остварување на целите утврдени во деловната политика за 2019 година. Растот на кредитната активност на Банката се очекува да се реализира преку зголемување на уделот на работа со населението и задржување на фокусот за работа со мали и средни претпријатија. Потпирањето на сопствените извори на финансирање и понатаму ќе биде основа на деловната стратегија, при што и натаму депозитите од секторот население остануваат со доминантно учество во вкупните извори на средства.

Во текот на 2019 година Банката ќе продолжи со преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и подобрување на квалитетот на кредитното портфолио коишто позитивно би влијаеле на финансискиот резултат на Банката.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно