Домашни банки
ТТК Банка АД Скопје со понуда за примателите на плата и пензија во Еуростандард Банка АД Скопје


ТТК Банка АД Скопје овозможи понуда со којашто излегува пресрет на финансиските потреби на корисниците, приматели на плата или пензија во Еуростандард Банка АД Скопје.
Понудата се однесува на сите бонитетни корисници кои се класифицирани во ризична категорија А или Б, односно кои имаат солиден рејтинг во кредитниот регистар на НБРСМ.
Корисниците кои се во редовен работен однос, кои ќе отворат трансакциска сметка и ќе ја пренасочат платата на сметка преку ТТК Банка АД Скопје можат да аплицираат за дозволено пречекорување во износ до 3 (три) месечни плати, додека примателите на пензија (од ПИОМ) до 1 (една) пензија или до 2 (две) пензии со дополнително обезбедување жирант кој е во редовен работен однос. За приматели на паричен надомест до пензионирање по основ на технолошки вишок се одобрува износ на пречекорување до 2 (две) месечни плати.
Постапката за отворање трансакциска сметка е брза и едноставна, со приложување важечки документ за идентификација (лична карта или пасош), во која било филијала или експозитура на ТТК Банка АД Скопје.
Во случај на аплицирање за дозволено пречекорување на сметка, процедурата е исто така ефикасна, а паричните средства се веднаш на располагање на корисниците.
Корисниците кои не поседуваат дебитна картичка можат да ја искористат посетата на филијалата/експозитурата за да поднесат барање за изработка на дебитна картичка поврзана со отворената сметка, без членарина. На тој начин, средствата на корисниците ќе им бидат достапни во секое време за плаќање во трговската мрежа и корисниците ќе имаат можност за подигнување на средствата од банкомат.
За поголема едноставност во плаќањето и увид во состојбата на сметка, аплицирање за кредит или орочување средства, во секое време на располагање на корисниците се електронското банкарство TTK Е-bank и мобилното банкарство TTK M-bank, без трошоци за активирање и користење, со ниски провизии за плаќање.
Примателите на плата/пензија во ТТК Банка АД Скопје имаат можност да користат низа поволности и поповолни каматни стапки на потрошувачките и станбените кредити и без надоместок за одобрување за кредитите со животно осигурување во промотивниот период до 30.9.2020 година, без надоместок за администрирање и без надоместок за предвремена отплата.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје