Connect with us

Депозити

ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите – ПРОМО ФИКС во денари и во евра

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје понуди нови промотивни депозити – ПРОМО ФИКС со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 и 25 месеци, во промотивниот период од 20 мај до 30 септември 2020 година.

За депозит во денари орочен на 15 месеци, ПРОМО ФИКС нуди фиксна каматна стапка којашто на годишно ниво изнесува 1,25% односно 1,75% за депозит орочен на 25 месеци. За депозит во евра орочен на 15 месеци, фиксната каматна стапка на годишно ниво изнесува 0,75% односно 1,25% за депозит орочен на 25 месеци. Пресметката на каматата се врши месечно по пропорционален метод и корисниците имаат можност да изберат месечен припис или исплата на каматата на трансакциска сметка.

Следејќи ги барањата и потребите на корисниците, ТТК Банка АД Скопје постојано го подобрува и проширува квалитетот на понудата што придонесува за зголемување на нивното задоволство.

Повеќе информации за новите ПРОМО ФИКС депозити можат да се најдат на интернет-страницата на Банката, преку апликацијата за мобилно банкарство ТТК M-banking како и во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје.

Депозити

Штедете и од дома со ОНЛАЈН депозитот на Халкбанк

Објавено

на

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 и преземените мерки кои подразбираат задолжителна заштита и одржување дистанца, ги уверија корисниците на банкарски услуги дека е многу полесно, наместо да се оди во банка и да се чека на шалтер, овие услуги да ги завршат електронски, од својот компјутер, лап топ или мобилен телефон. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Промотивен депозит од Капитал банка со најатрактивни каматни стапки

Објавено

на

ПРОМОТИВНО до 31.05.2020, Капитал Банка овозможува штедење по екстра поволни услови со убедливо најатрактивни каматни стапки за депозити во МКД, ЕУР и УСД валути! (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Искористете ги предностите на EVOLVE депозитот на Халкбанк кој нуди камати кои растат на секои 6 месеци и камата до 2,4% за денари и 1,6% за евра

Објавено

на

Штедењето во банка претставува здрава животна навика, бидејќи не само што на овој начин се зголемува вредноста за издвоените средства поради каматите кои се добиваат на депозитите, туку се обезбедува и сигурност за иднината и полесно справување со непредвидени ситуации. Каква што, на пример, е моменталната криза предизвикана од пандемија со КОВИД-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно