Домашни банки
ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје.
Експозитурата во современо опремен простор кој се наоѓа на бул. „Партизански одреди“ бр. 26а, ќе работи секој работен ден, од понеделник до петок, со работно време од 8:00 до 16:00 часот и ќе ги опслужува сегментите на физичките и на правните лица со сеопфатни банкарски услуги. Во рамките на експозитурата ќе функционира и банкомат кој намалувајќи го потребното време и трошоци за исплата на готовина, независно од работното време на експозитурата, ќе понуди подобро искуство за корисниците.
“Со особено задоволство денес свечено го означуваме почетокот на работата на новата експозитура во населбата Дебар Маало. ТТК Банка АД Скопје ја проширува својата деловна мрежа на уште една атрактивна локација во Скопје, во општина Центар. Следејќи ја главната цел да биде прв и сигурен избор, со своето искуство, традиција и професионалност, Банката континуирано се стреми кон унапредување на работењето. Денес, во актуелните услови на епидемија, Банката ја зголемува достапноста на производите и услугите што ќе ја олесни реализацијата на секојдневните финансиски потреби на корисниците, жителите на Општина Центар, односно градот Скопје” – истакна Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, д-р Драгољуб Арсовски.
По повод отворањето на експозитурата, ТТК Банка АД Скопје подготви изненадувања за првите 100 корисници кои ќе отворат сметка, ќе ги активираат дигиталните услуги на Банката, електронско банкарство TTK E-bank и мобилно банкарство TTK M-bank или ќе аплицираат за кредит во новата експозитура.
Високо стручниот тим ќе овозможи ефикасна и брза поддршка при изборот и користењето на финансиските производи и услуги што ги нуди Банката.
Корисниците ќе имаат можност да аплицираат за кредитни производи со вклучено ризико кредитно животно осигурување, без надоместок за одобрување, со атрактивни фиксни каматни стапки, и тоа: СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит со фиксна к.с. од 4,85% во првите 2 години од отплатата, СУПЕР станбен кредит со фиксна к.с. од 3,45% во првите 10 години, хипотекарен кредит со фиксна к.с. од 4,70% во првите 3 години; да аплицираат за одобрување дозволено пречекорување до три плати или до две пензии за приматели на плата/пензија во Банката; да ја изберат промотивната понуда ПРОМО ФИКС за штедење во денари и во евра за физички лица како и многу други поволности. Користењето на електронско банкарство TTK E-bank и мобилно банкарство TTK M-bank Банката го овозможува без трошоци за активирање и месечно користење. На истата локација ќе биде достапна и услугата за брз трансфер на пари- MoneyGram.
Со отворањето на новата експозитура во Скопје ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата деловна мрежа на вкупно 28 локации, од кои 8 во Скопје, а останатите 20 надвор од главниот град.
Во 2019 година, ТТК Банка АД Скопје ги оствари своите најдобри финансиски резултати, а и во 2020 година продолжува со активна поддршка на физичките и на правните лица при остварување на нивните финансиски цели и потреби. Следејќи ги пазарните трендови во правец на постојаната и сè поприсутна веб-технологија, поедноставени, брзи, 24-часа достапни услуги еден од главните приоритети на ТТК Банка АД Скопје останува постојаното вложување во новата технологија како и воведувањето нови функционалности и услуги.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство