Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје со добивка од 1 милион евра за периодот јануари-септември 2018

Објавено

на

Во периодот 1.1.- 30.9.2018 година, преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето оперативен приход пред исправките на вредност, кој споредбено со истиот период минатата година е повисок за 43,6% или во апсолутен износ од 49,6 милиони денари, што позитивно влијае на оперативната ефикасност т.е. оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето приходи од камати во периодот од 1.1-30.9.2018 година изнесуваат 202,9 милиони денари и бележат раст од 3,8% во однос на истиот период минатата година. Приходите од камата заклучно со 30.9.2018 година изнесуваат 254,7 милиони денари и се зголемени за 3,0% во однос на истиот период минатата година главно како резултат на зголемената кредитна активност на Банката кон секторот домаќинства и секторот нефинансиски друштва. Планираните нето приходи од камати се остварени со 95,6% од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 91,6 милиони денари. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство, како и приходите од провизии од финансиската активност – кредитирање. Степенот на исполнување на планот е 92,1%.

Нето-приходите од тргување изнесуваат 5,5 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување за 19,9%. Во однос на планот, истите се повисоки за 23,3%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 87,2 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 33,8 милиони денари или 63,4% како резултат на остварената капитална добивка од продажба на дел од имотот преземен врз основа на ненаплатени побарувања.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 229,7 милиони денари и споредено со истиот период минатата година се пониски за 4,1%, како резултат на подобрена оперативна ефикасност. Степенот на исполнување на планот е 97,3%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

Домашни банки

Стопанска Банка АД Скопје ја зголеми добивката за над 2 милиони денари

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 година Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка во износ од 2.589.629.000 денари. Станува збор за зголемување на добивката за 37,7% споредено со истиот период од 2017 година, соопшти банката преку Македонската берза. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Важен е ИВАН ЃАКОВСКИ…затоа што се грижи нашиот оброк да биде органски и здрав

Објавено

на

Иван Ѓаковски – некои го познаваат како сопственик на Vega Fresh Bar, некои како активен спортски лик, но оние што не го познаваат треба да знаат дека ова момче од позитивна идеја и лична пасија успеа да изгради сопствен бизнис, кој успешно го развива веќе 4 години. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола го одбележа Светскиот ден на штедењето

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и оваа година го одбележа Светскиот ден на штедењето 31 октомври. Со цел поттикнување на добрите навики кои се учат и стекнуваат уште од мали нозе вработените од Стопанска банка а.д. Битола беа во посета на детски градинки во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струмица. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange