Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје прокнижи добивка од 65,5 милиони денари за периодот јануари-септември 2020 година

Објавено

на

Во тековната економска клима и предизвикувачките пазарни услови, ТТК Банка АД Скопје успеа да постигне забележителни резултати, што повторно ја одразува одржливоста на нејзиниот деловен модел и успешното управување со сите деловни аспекти од работењето, како во редовни така и во вонредни услови.

Во периодот од 1.1.2020 до 30.9.2020 година, ТТК Банка АД Скопје, прилагодувајќи го своето работење на специфичните економски и пазарни услови предизвикани од пандемијата од вирусот COVID-19, постигна ефикасна реализација на приоритетните цели и задачи во согласност со Деловната политика и со Финансискиот план на Банката за 2020 година.

Преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 101 милиони денари, како резултат на остварените оперативни приходи во износ од 339,3 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 238,3 милиони денари. Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 34,9 милиони денари.

Финансискиот резултат за периодот јануари – септември 2020 година изнесува 65,5 милиони денари, што е за 25,9 милиони денари или 28,3% понизок во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од пониската капитална добивка од продажба на преземeни средства како и од падот на пазарната цена на портфолиото за тргување во изминатиов период. Во споредба со Финансискиот план за 2020 година, кој е во согласност со првичните согледувања за последиците што ќе ги предизвика светската пандемија предизвикана од вирусот COVID-19, остварениот финансиски резултат го надминува очекуваниот резултат за 45,8 милиони денари.

Финансиски остварувања на Банката

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нетоприходи од камати во периодот од 1.1.2020 до 30.9.2020 година изнесуваат 202,2 милиони денари и бележат пораст од 1,5% во однос на истиот период минатата година, што главно произлегува од секторот домаќинства. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 97,8% од Финансискиот план.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 98,9 милиони денари и се пониски за 3,3% во однос на минатата година, главно како резултат на намалена економска активност на клиентите во услови на криза (намалени приходи од платен промет во земјата и странство, провизии за кредитирање и брокерско работење). Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги ги надминуваат планираните за овој период за 6,6%.

Нето-приходите од тргување изнесуваат – 5,4 милиони денари и во однос на минатата година бележат значајно намалување за 18,6 милиони денари како резултат на падот на пазарната цена на сите акции од портфолиото за тргување, поради ефектите на пандемијата на COVID-19. Во однос на планираните, остварените нетоприходи од тргување за овој период се пониски за 0,5 милиони денари.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 6,7 милиони денари и бележат раст од 12,9% во однос на минатата година и се остварени со 109,7% од планираните за овој период.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 36,8 милиони денари и се остварени со 85% од планираните за овој период.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 238,3 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 1,9%, како резултат во најголем дел на повисоки трошоци за плати, како и материјални трошоци и административни трошоци. Планот е остварен со 97,4%.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 34,9 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа изнесува 0,6 милиони денари.

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка засади дрвја во знак на успешна реализација на GEFF програмата за финансирање зелена економија

Објавено

на

Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав. (more…)

Продолжи со читање



Популарно