Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје продолжува со реализација на втората емисија на корпоративнaта обврзницa

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека продолжува со реализација на втората емисија на корпоративнaта обврзницa во согласност со бизнис целите утврдени во деловната политика на Банката.

„Вo врска сo Одлуката за издавање долгорочни должнички хартии од вредност како капитален инструмент по пат на јавна понуда – корпоративна обврзница (втора емисија) донесена на Собранието на ТТК Банка АД Скопје одржано на ден 5.11.2019 година, а врз основа на Решението за давање одобрение за издавање долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда заверена под УП1 број 10-91 од 27.12.2019 година како и врз основа на Решение за давање одобрение за измени на Проспектот за издавање долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда – втора емисија на обврзници заведена под број УП1 број 10-2 од 20.1.2020 година издадени од страна на Комисијата за хартии од вредност на РСМ, Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје продолжува со реализација на втората емисија на корпоративнa обврзницa во согласност со бизнис целите утврдени во деловната политика на Банката” – се вели во соопштението на Банката.

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Второ место за Комерцијална банка на машкиот хуманитарен велеслалом во Маврово

Објавено

на

Кире Солески од Комерцијална банка АД Скопје го освои второто место на хуманитарниот аматерски велеслалом во конкуренција на 84 натпреварувачи од компании од земјава. Манифестацијата по 18-ти пат се одржа во организација на ски-центарот „Заре Лазаревски“ во Маврово од 21 до 23 февруари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка Македонија и ЕБОР ја продолжуваат успешната соработка за кредитите за енергетска ефикасност

Објавено

на

Денес, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон, Шпаркасе Банка Македонија и Европската банка за обнова и развој потпишаа два договора во вкупен износ од 5 милиони евра, за продолжување на соработката во финансирањето на станбени кредити и поддршка на инвестициите во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за зградите во приватна сопственост, вклучувајќи и објекти за домување во Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно