Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 45,6 милиони денари за 9 месеци од 2022 година

Објавено

на

Во услови на значајни геополитички и воени случувања, здравствена и енергетска криза, силна конкуренција и динамичен пазар, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје успеа да постигне забележителни резултати, што ја одразува одржливоста на нејзиниот деловен модел и успешното управување со сите деловни аспекти од работењето.

Во ваков специфичен економско-социјален амбиент, преку приспособлива стратегија на работење и преку посебна интерна посветеност, ТТК Банка АД Скопје забележа позитивен финансиски резултат, темелен на здрава основа и во согласност со амбиентот. Заклучно со 30.9.2022 година, финансискиот резултат изнесува 45,6 милиони денари, што претставува повисок резултат за 19,9% во однос на истиот период минатата година.

Финансиски остварувања на Банката

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2022 до 30.9.2022 година изнесуваат 182,4 милиони денари и во однос на планот за овој период се остварени со 101,2%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 147,3 милиони денари и бележат зголемување за 2,7% во однос на претходната година, што e резултат, во најголем дел, на зголемените приходи од провизии од новопонудените услуги преку проширената мрежа банкомати и зголемениот обем на работењето со картичките, како и на поволните движења во понудата и реализацијата на услугите во областа на платниот промет од секторот стопанство и од брокерското работење. Во однос на планот за овој период, нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 103,4%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 10,4 милиони денари и бележат годишен раст од 29,9% како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 120,2%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 35,7 милиони денари и се повисоки за 52,1% во однос на минатата година, како резултат, во најголем дел, од поголемиот износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства, како и од повисока наплата на претходно отпишани побарувања. Во однос на планот се остварени со 49,1%.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 272,5 милиони денари и се за 7,6% повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од зголемените материјални и административни трошоци и од повисоките трошоци за плати. Во однос на планот се остварени со 100,0%.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 42,6 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Во текот на првите девет месеци од 2022 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 13,9 милиони денари.

Исплатени дивиденди

На ден 3.3.2022 година Банката го објави Јавниот повик за учество на Годишното собрание на акционери коешто се одржа на 5.4.2022 година. На Седницата на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје беше донесена Одлуката за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивидендата, со којашто на 3.5.2022 година започна со исплата на дивиденда за 2021 година во брутоизнос од 41.762.848 денари или висината на бруто-дивидендата по акција изнесува 46 денари односно 4,6% од номиналната вредност по акција.

Домашни банки

Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Објавено

на

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Популарно