Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 41,1 милиони денари во првите 6 месеци од 2022 година

Објавено

на

Во услови на значајни геополитички и воени случувања, здравствена и енергетска криза, силна конкуренција и динамичен пазар, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје успеа да постигне забележителни резултати, што ја одразува одржливоста на нејзиниот деловен модел и успешното управување со сите деловни аспекти од работењето.

Во ваков специфичен економско-социјален амбиент, преку приспособлива стратегија на работење и преку посебна интерна посветеност, ТТК Банка АД Скопје забележа позитивен финансиски резултат, темелен на здрава основа и во согласност со амбиентот. Заклучно со 30.6.2022 година, финансискиот резултат изнесува 41,1 милиони денари, што претставува повисок резултат за 1,2% во однос на истиот период минатата година.

Финансиски остварувања на ТТК Банка

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2022 до 30.6.2022 година изнесуваат 118,8 милиони денари и во однос на планот се остварени со 99,4%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 98,1 милиони денари и бележат зголемување за 5,8% во однос на претходната година, што e резултат во најголем дел на зголемените приходи од провизии од новопонудените услуги преку проширената мрежа на банкомати и зголемениот обем на работењето со Mastercard® картичките, како и од поволните движења во понудата и реализацијата на услугите во областа на платниот промет од секторот стопанство и брокерското работење. Во однос на планот за овој период, нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 102,1%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 6,4 милиони денари и бележат годишен раст од 21,7% како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 104,1%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 28,3 милиони денари и се повисоки за 35,2% во однос на минатата година, како резултат во најголем дел од поголемиот износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства. Во однос на планот се остварени со 47,7%.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 178,2 милиони денари и се за 8,4% повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат во најголем дел од зголемените материјални и административни трошоци и од повисоките трошоци за плати. Во однос на планот се остварени со 98,8%.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 24,2 милиони денари и е пониска за 22,7 милиони денари или за 48,4% во однос на 30.6.2021 година, како резултат на подобрениот квалитет на кредитното портфолио.

Во текот на првото полугодие од 2022 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 6,6 милиони денари.

Исплатени дивиденди

На ден 3.3.2022 година ТТК Банка АД Скопје го објави Јавниот повик за учество на Годишното собрание на акционери коешто се одржа на 5.4.2022 година. На Седницата на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје беше донесена Одлуката за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивидендата, со која на 3.5.2022 година започна со исплата на дивиденда за 2021 година во бруто износ од 41.762.848 денари или висината на бруто-дивидендата по акција изнесува 46 денари односно 4,6% од номиналната вредност по акција.

Очекувања за претстојниот период

Неизвесноста околу натамошниот тек на настаните поврзани со пандемијата на коронавирусот што сѐ уште постои, зголемените цени на енергенсите и фрагментираните и нарушени синџири на снабдување заради конфликтот во Украина и заради воведените строги рестриктивни мерки во Кина, се најзначајните фактори на ризик коишто ќе влијаат врз идната динамика на растот на економската активност и на активностите на банкарскиот систем.

Сегашната клима сугерира дека и следниот период ќе биде предизвикувачки и затоа Банката и понатаму внимателно ќе ги анализира тековните макроекономски параметри, ќе ги следи мерките, активностите и предвидувањата на економските авторитети и на носителите на економските политики и на операторите, ќе ги усогласува интерните индикатори и ќе го приспособува нејзиното работење на пазарните услови, со фокус кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.

ТТК Банка ќе продолжи да дејствува проактивно, фокусирајќи се кон стабилно и профитабилно оперативно работење врз основа на реални и на предвидливи очекувања. Кредитната активност се очекува да продолжи да се реализира преку работата со населението и со малите и средни претпријатија, паралелно со севкупното закрепнување на економската активност и на зголемената побарувачка за кредити. Притоа, Банката ќе ги презема сите неопходни активности за одржување на квалитетот на портфолиото, развој на понудата на производи и изнаоѓање флексибилни решенија приспособени на потребите на клиентите – правни и физички лица кои се најзасегнати од кризата.

Креирањето одржливи и ефикасни процеси, реализацијата на планираниот обем на активности предвидени со деловната политика, понудата на нови производи приспособени на потребите на клиентите, натамошниот развој на дигитализација на процесите, надградбата на производите и услугите достапни преку дигиталните канали и потпирањето на сопствените извори на финансирање и понатаму ќе претставуваат основа на деловната стратегија на Банката за оваа 2022 година, при што и натаму депозитите од секторот население остануваат со доминантно учество во вкупните извори на средства.

Домашни банки

Халкбанк ги зголеми платите на своите вработени во просек за 14%

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје изврши генерално покачување на платите на сите, над 700 вработени во банката на ниво на просек од 14%, со што најзначително се влијае на пораст на најниската плата во банката. Со ова Банката уште еднаш ја потврди својата грижа за обезбедување континуиран развој и мотивација на вработените кои се еден од главните чинители на успешното работење на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капиталните инвестиции и кредитниот раст во главен фокус на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Со раст на нето-добивката, силна кредитна поддршка на населението и на бизнис-секторот, како и со раст на бројот на клиенти и депозити, Стопанска банка АД-Скопје успешно ја заокружи 2022 година. Постигнатите високи резултати во работењето се продолжение на континуираниот раст на Банката и на силната посветеност кон клиентите, вработените и заедницата во целост. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Преку нејзиниот докажан бизнис модел базиран на стабилни фундаменти, Стопанска Банка “изброи” 42,5 милиони евра добивка за 2022 година

Објавено

на

Во согласност со неревидираните финансиски извештаи на Стопанска Банка АД-Скопје (во натамошниот текст: СБ или Банката) со пресечен датум 31.12.2022 година, добивката пред оданочување на Банката изнесува 2.617.019 илјади денари, односно незначителни 4% под нивото остварено минатата година. Истовремено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 3.851.117 илјади денари, што претставува зголемување за 10% во однос на 2021 година. Со тоа, Банката го задржува долгогодишниот континуитет на постигнати успешни финансиски резултати засновани на стабилни фундаменти, прудентен пристап кон ризиците, докажан бизнис – модел, силна капитална позиција и добро корпоративно управување. Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата на Банката која на крајот на годината изнесува 122.848.627 илјади денари, што претставува раст од 8% во однос на 2021 година. На тој начин, Банката го продолжува перманентиот раст на нејзините бизнис – активности во согласност со својата деловна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно