Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 40,6 милиони денари во првите 6 месеци од 2021 година

Објавено

на

Првата половина од 2021 година беше обележана со справување со т.н. трет бран на пандемијата на вирусот COVID-19, почеток на масовна имунизација на населението и постепено олабавување на рестриктивните мерки за превенција, што допринесе за попозитивни изгледи за претстојниот период. Сепак и понатаму постои степен на резерва заради ризиците поврзани со појавата на новите мутации на вирусот коишто ќе го условат понатамошниот карактер и времетраењето на кризата.

Во тековната економска клима, ТТК Банка АД Скопје успеа да постигне забележителни резултати, што повторно ја одразува одржливоста на нејзиниот деловен модел и успешното управување со сите деловни аспекти од работењето, како во редовни така и во вонредни услови.

Во периодот од 1.1.2021 до 30.6.2021 година, ТТК Банка АД Скопје, приспособувајќи го своето работење на специфичните економски и пазарни услови предизвикани од пандемијата на вирусот COVID-19, постигна ефикасна реализација на приоритетните цели и задачи во согласност со Деловната политика и со финансискиот план на Банката за 2021 година.

Преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 87,7 милиони денари, кој е за 43,1 % повисок во однос на истиот период минатата година, како резултат на побрзиот раст на оперативните приходи во однос на оперативните трошоци. Во истиот период, исправката на вредност на финансиски и нефинансиски средства на нето-основа изнесува 47,1 милиони денари.

Финансискиот резултат за период јануари – јуни 2021 година изнесува 40,6 милиони денари, што е за 32,3 % повисок во однос на истиот период минатата година. Во однос на финансискиот план за 2021 година, финансискиот резултат го надминува планираниот резултат за овој период за 23,2 %. Остварениот позитивен финансиски резултат во првата половина од 2021 година е со квалитет што ја зацврстува стабилноста на Банката и перспективата за здрав раст во наредниот период.

Финансиски остварувања на Банката

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето приходи од камати во периодот од 1.1.2021 до 30.6.2021 година изнесуваат 130,8 милиони денари и бележат намалување од 3,2 % во однос на истиот период минатата година. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 97,8% од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 92,7 милиони денари и се зголемени за 52% во однос на минатата година. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има зголемениот обем на трансакции во платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство, како и провизиите коишто потекнуваат од кредитирање. Нетоприходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 105,9% од планираните за овој период.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 5,2 милиони денари и бележат раст од 20,7%. Во однос на планот се остварени со 109,7%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 20,9 милиони денари и се остварени со 96,6 % од планираните за овој период.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 164,4 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 3,5%, како резултат во најголем дел од повисоки материјални и административни трошоци. Планот е остварен со 95,7%.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 46,9 милиони денари или за 53,5% повисока во однос на истиот период претходната година и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Во првата половина од 2021 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 0,1 милиони денари.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно