Домашни банки
ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 38 милиони денари за 9 месеци во 2021 година


Во тековната економска клима, ТТК Банка АД Скопје успеа да постигне добри резултати коишто ја одразуваат одржливоста на нејзиниот деловен модел и успешното управување со сите деловни аспекти од работењето.
Економското заздравување од пандемијата на вирусот КОВИД-19 e сѐ уште кревко, а појавата на делта варијантата негативно влијаеше врз динамиката на заздравувањето на македонската економија и го забави очекуваното нормализирање на состојбите. Дополнително, проекциите на макроекономската политика до крајот и во почетокот на идната година, негативните влијанија од порастот на цените на енергенсите на светскиот пазар како и притисокот врз зголемувањето на цените и инфлацијата на домашниот пазар укажуваат на потреба од натамошно внимателно и поконзервативно приспособување на кредитната политика и обезбедување на ризиците од негативните последици.
Во овој економски амбиент во периодот од 1.1.2021 до 30.9.2021 година, ТТК Банка АД Скопје, го приспособуваше своето работење на специфичните економски и пазарни услови и ги реализира приоритетните цели и задачи во согласност со Деловната политика и со Финансискиот план на Банката за 2021 година.
Преку нејзиното редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 119,9 милиони денари, кој е за 18,6% или 18,8 милиони денари повисок во однос на истиот период минатата година, како резултат на побрзиот раст на оперативните приходи во однос на оперативните трошоци. Во истиот период, исправката на вредност на финансиски и нефинансиски средства на нето-основа изнесува 81,9 милиони денари што резултира со позитивен финансиски резултат за периодот од 1.1. – 30.9.2021 година во износ од 38 милиони денари.
Финансиски остварувања на Банката
Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2021 до 30.9.2021 година изнесуваат 193,6 милиони денари и бележат намалување од 4,3% во однос на истиот период минатата година. Планираните нетоприходи од камати се остварени со 94,9% од Буџетот.
Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 143,3 милиони денари и се зголемени за 44,9% во однос на минатата година. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има зголемениот обем на трансакции во платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство, како и провизиите коишто потекнуваат од кредитирањето и картичното работење. Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги ги надминуваат планираните за овој период за 7,5%.
Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 8 милиони денари и бележат годишен раст од 18,4%. Во однос на планот се остварени со 113,4%.
Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 23,5 милиони денари и се остварени со 50,7% од планираните за овој период.
Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 253,2 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 6,3%, како резултат во најголем дел од повисоките материјални и административни трошоци. Планот е остварен со 97,0%.
Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 81,5 милиони денари, како резултат на ефектот од влошување на состојбата на одредени комитенти од корпоративно кредитно портфолио.
Во првите девет месеци од 2021 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 0,4 милиони денари.
Домашни банки
Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра


Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)
Домашни банки
Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!


Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје