Connect with us

Домашни банки

ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ: Од 2 Мај 2018 година ќе започне исплата на дивиденда за 2017 година

Објавено

на

ТТК БАНКА АД Скопје преку соопштение на Македонска берза, ги известува своите акционери дека почнувајќи од 02.05.2018 година ќе врши исплата на дивидендата за 2017 година.

Право на исплата на дивиденда за 2017 година имаат сите акционери на ТТК БАНКА АД Скопје кои се евидентирани во акционерската книга на ден 16.04.2018 година.

Исплатата на дивиденда за 2017 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки.

На физичките лица средствата од дивидендата за 2017 година ќе бидат уплатени на нивните сметки во ТТК БАНКА АД Скопје или во други банки за кои имаат дадено овластување претходните години.

Физичките лица кои немаат отворено сметки во ТТК БАНКА АД Скопје ќе треба за исплата на дивидендата да отворат сметка во ТТК БАНКА АД Скопје или да пополнат барање со податоци во која друга банка да им се префрлат средствата. Барањата за исплата на дивиденда се наоѓаат на шалтерите во сите експозитури и филијали на ТТК БАНКА АД Скопје низ Републиката.

Согласно чл.77 став 1 од Законот за персонален данок на доход, потврдите за пресметан и платен персонален данок на приход од капитал за дивидендата исплатена во 2018 година ќе бидат доставени до секој акционер. Доколку некои акционери не ја добијат потврдата заради технички причини (промена на адреса и слично), истата може да се подигне во Централата на Банката во Дирекцијата за сметководство.

Дополнителни информации можат да се добијат на следниве телефонски броеви 02 3247-000 локал 448 или локал 449.

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје наградена од Commerzbank AG Frankfurt

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е добитник на наградата “STP Excellence Award “ за 2017 од Commerzbank како признание за квалитет и брзина во процесирање на меѓународните плаќања. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје наградена од Commerzbank AG, Frankfurt

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е добитник на наградата Commerzbank’s STP Excellence Award за 2017 година, како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР ќе ги финансира домаќинствата со 4 милиони евра за зголемување на енергетската ефикасност

Објавено

на

Преку Програмата за поддршка на зелената економија (ГЕФФ) што ќе биде презентирана денес во хотелот Александар Палас, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) започнува со финансирање на домаќинствата за зголемување на нивната енергетска ефикасност. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange