Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје: Од денес (26-ти октомври 2021 година) започна предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (26-ти октомври 2021 година), ќе врши исплата на пензијата за месец октомври на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

Oд денес (26.10.2021 г. – вторник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје или во трговската мрежа.

За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

  • до 11.000 денари на 26.10.2021 г. (вторник)
  • од 11.001 до 14.000 денари на 27.10.2021 г. (среда)
  • од 14.001 до 18.000 денари на 28.10.2021 г. (четврток)
  • над 18.000 денари на 29.10.2021 г. (петок) 

Со цел заштита на здравјето, од банката апелираат средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

При неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот The Banker

Објавено

на

За „Банка на годината во 2021 година во Република Северна Македонија“ е прогласена Комерцијална банка АД Скопје. Оваа престижна награда финансискиот магазин The Banker ѝ ја доделува на Комерцијална банка втора година по ред, препознавајќи ги нејзината клучна улога во поддршката на економското закрепнување во земјава и излегувањето во пресрет на потребите на клиентите.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кире Наумов и Фарук Исмаили ќе продолжат да раководат со Развојната банка

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Петер Зелен реименуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно