Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

Објавено

на

Во услови на справување со актуелната сериозна опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, поддржувајќи ги препораките и мерките на Владата, ТТК банка АД Скопје денес изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година во износ од 10.460.780 денари.

Со ваквата одлука, во рамките на своето потврдено општествено одговорно делување, ТТК банка АД Скопје настојува да придонесе за помагање на ликвидноста на државата и нејзиниот буџет во насока на зголемување на капацитетот за непречено функционирање на виталните општествени процеси како и поефикасна реализација на мерките и активностите за борбата против ширењето на вирусот и заштитата на здравјето на граѓаните.

Во овие услови ТТК Банка АД Скопје делува со примарен фокус, безбедно и ефикасно да излезе во пресрет на сите финансиски потреби на клиентите овозможувајќи континуирана и квалитетна банкарска услуга преку дигиталните канали со низа поволности за 24/7 бесплатно вршење на електронски плаќања, поддршка преку достапна мрежа на експозитурите/филијалите и функционалните банкомати, полесен пристап до средства без наплата на провизии како и преку изнаоѓање ефикасни мерки за поддршка  на клиентите, физичките и правните лица во справувањето со финансиските потешкотии при отплатата на кредитните обврски.

Домашни банки

ТТК Банка ја продолжи поволноста за бесплатно електронско и мобилно банкарство за физички лица до 30.6.2020 година

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека ја продолжи поволноста за бесплатно користење и плаќање преку електронското E-bank и мобилното банкарство M-bank до 30.6.2020 година за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Ново работно време на експозитурата Центар на Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека од 01.06.2020 година Експозитурата Центар ќе работи од Понеделник-Петок 08-18 часот и Сабота 09-14 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Битола отсега на нова поатрактивна локација

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитурата Битола се премести на нова локација во поголеми и посовремени простории во насока на подобрување на корисничкото искуство при користење на банкарските производи и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Популарно