Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје денес прославува 25 години од основањето на еден од нејзините претходници Тетекс Банка АД Скопје

Објавено

на

На 25.12.1993 година беше формирана Тетекс Банка АД Скопје, еден од правните претходници на денешна ТТК Банка АД Скопје.

Идејата за формирање на уште една банка во Република Македонија веднаш по нејзиното осамостојување потекна од АД Тетекс Tетово од тогашниот и сегашен Претседател на Надзорниот одбор на Банката, г-дин Глигорие Гоговски.

Подоцна во 2001 година Тетекс Банка АД Скопје со спојувањето со Кредитна Банка АД Битола ја оформија Тетекс – Кредитна Банка АД Скопје, која пак од 01.06.2006 година со Тетовска Банка АД Тетово, продолжи да работи под денешното име ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје останува да биде горд сведок на историјата на развојот на банкарскиот систем, особено во тетовскиот регион, во кој според документите банкарството почнува да се развива  уште во 1930 година со формирањето на тогашната Тетовска Кредитна Банка АД, како една од најстарите банки во македонската банкарска историја до денес.

Денес, ТТК Банка АД Скопје, е успешна банка со стабилен позитивен раст. Банката располага со широко распространета мрежа од вкупно 7 филијали, 19 експозитури и 2 шалтери низ цела територија на Република Македонија.

Домашни банки

„УНИБанка” одбележа 15 години во Гостивар

Објавено

на

„УНИБанка” го прослави својот 15-годишен јубилеј на својата експозитура во Гостивар со елегантен коктел во ресторанот „Мон Блан”. На настанот присуствуваа над 100 клиенти, партнери и пријатели на банката од градот и од регионот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кредит со осигурени побарувања како обезбедување – нов продукт од ПроКредит Банка

Објавено

на

Малите и средни претпријатија во Северна Македонија се еден од клучите двигатели на економијата. Нивниот раст и развој директно придонесува за позитивни ефекти врз стапката на вработување, конкуретноста на пазарот и зголемување на извозот. Со цел остварување на своите визии и иновативни проекти, овие компании имаат потреба од кредитирање на краткорочните ликвидносни потреби, олеснет пристап до финансии и можност за брзо кредитирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје, Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири, кој ќе се одржи на 20-ти април во Македонската Филхармонија. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange