Connect with us

Анализи

ТТК Банка АД Скопје го објави финансискиот план за периодот од 2018 – 2020 година

Објавено

на

Стратегијата на ТТК Банка АД Скопје за наредните години останува насочена кон постигнување одржлив и профитабилен раст со освојување дополнително пазарно учество, наведе Банката во финансискиот план објавен на Македонска Берза.

Стратегиски цели и основни приоритетни цели на ТТК Банка АД Скопје

Континуирано и навремено усогласување на своето работење со:

  • законската регулатива и мерките на монетарната власт.
  • супервизорските стандарди и основните начела и принципи на корпоративно управување.
  • целосно практикување на основните банкарски принципи, користејќи примери од најдобри банкарски пракси.

Остварување на профитабилно работење преку:

  • развој на флексибилни деловни практики кои овозможуваат одржливост во пазарната конкуренција.
  • претпазливо преземање прифатливи ризици.
  • оптимизација на ресурсите и трошоците со континуирано јакнење на ефикасноста, економичноста и продуктивноста во работењето.

Јакнење на позицијата во банкарскиот сектор во РМ преку:

  • одржување на пазарното учество во клучните сегменти.
  • континуиран умерен раст на вкупната актива.
  • одржување на финансиската и капиталната стабилност соодветно на развојните цели преку оптимални големини на капиталот, изворите на финансирање, ризично пондерирана актива и тековна ликвидност.

Основни приоритетни цели на Банката за 2018 година:

  • Одржување на адекватноста на капиталот на потребното ниво во рамки на екстерно и интерно пропишаните лимити, преку обезбедување капитал од сопствени извори на Банката.
  • Одржување на стабилна ликвидносна позиција и структурна ликвидносна усогласеност,
    во рамки на пропишаните регулаторни и интерни лимити.
  • Зајакнување на кредитно депозитните активности со цел одржување и зајакнување на пазарното учество во банкарскиот сектор на Република Македонија, со истовремено зајакнување
    на активностите и во другите клучни сегменти.
  • Одржување/подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и намалување на учеството на нефункционалните кредити во вкупното кредитно портфолио на Банката.
  • Одржување и зголемување на постојните извори на финансирање преку зголемување на уделот на штедењето и уделот на кредитни линии.
  • Зголемување на уделот на работа со населението во вкупните активности на Банката и задржување на фокусот за работа со МСП.
  • Активно залагање за продажба на преземениот имот во насока на подобрување на структурата на вкупната актива.
  • Фокус на развој и обезбедување на широка понуда на производи и услуги на малите и
    средни претпријатија („МСП“) и населението и подршка на развој на услуги од областа на
    електронско и самоуслужно банкарство.
  • Подобрување на организацијата на работење, унапредување на деловните процеси, надградување на знаењето и вештините на вработените, зајакнување на стручноста и способностите во управувањето со процесите и во контролите и следењето на степенот на остварување на резултатите и поставените цели.
  • Надградба на информатичката технологија во правец на унапредување и поддршката на деловните процеси, реализација и следење на планските цели и поефикасно следење на потребите на клиентите и нивното брзо и квалитетно опслужување.

Среднорочна стратегија на Банката за период од 2018-2020 година

Активностите кои се планираат за 2018 година се во насока на остварување на Стратешките цели на Банката за периодот 2018-2020 година. Среднорочната стратегија на Банката подразбира oдржување и зајакнување на позицијата во банкарскиот сектор на РМ преку континуиран годишен раст на вкупната актива во наредниот среднорочен период; oдржување и зајакнување на пазарното учество со одржување или зголемување на учеството на Банката во банкарскиот сектор во клучните сегменти; зајакнување на финансиската и капитална стабилност соодветно на развојните цели за раст, кое подразбира оптимален капитал, оптимални извори на финансирање, оптимална ризично пондерираната актива како и оптимална ликвидност и сигурност; континуирано и навремено усогласување на своето работење со законската регулатива и мерките на монетарната власт, со супервизорските стандарди и основните начела и принципи на доброто корпоративно управување, како и со целосно практикување на основните банкарски принципи користејќи примери од најдобри банкарски пракси; остварување на профитабилно работење кое ќе се реализра со развој на флексибилни деловни практики кои овозможуваат одржливост во пазарната конкуренција, со превземање на прифатливи ризици, со оптимизиација на ресурсите и трошоците, како и со контунирано јакнење на ефикасноста, економичноста и продуктивноста во работењето.

Клучните финансиски индикатори кои Банката со своето работење ќе се стреми да ги оствари во периодот кој следи се:

  • Стапката на поврат на капиталот (RОЕ) да достигне до 11,5% до 2020 година;
  • Одржување на стапката на адекватност на капиталот над 15,0%;
  • Коефициентот Трошоци/Приходи (Cost/Income ratio) да се намали до ниво од 61,8% во 2020 година;
  • Пораст на коефициентот за покриеност на кредитите со депозити (Loan to deposit ratio) од 74,3% во 2018 до 80,7% во 2020 година и
  • Учество на расходите за резервации за ризик во вкупните кредити да се одржи на ниво од 3,9% во 2020 година.

Целиот развоен план и деловната политика на ТТК Банка АД Скопје можете да ги погледнете на следниов линк.

Повеќе

Анализи

Amazon ќе го прошири уделот на пазарот во САД

Објавено

на

Според ново пазарно истражување приходите на американската технолошка компанија Amazon во САД ќе се зголемуваат во текот на оваа година со 30%  и ќе достигнат речиси 260 милијарди долари.

Компанијата за пазарни анализи на eMarketer, која ја разгледува продажбата на категории на производи, проценува дека приходите на концернот во САД од е-трговија ќе достигнат 258,2 милијарди долари.Тоа значи дека се очекува Amazon да освои речиси половина од американскиот пазар за електронска трговија до крајот на 2018-та година (49,1%), тврдат од  eMarketer. Компанијата заврши во 2017-та година со околу 44% удел на пазарот.

На второ место не е Walmart, како што некои би можеле да очекуваат, туку eBay, според истражувањето на eMarketer. Се очекува eBay да ја заврши годината со удел од околу 6,6% од американскиот пазар за електронска трговија, Apple ќе држи 3,9%, а на „Walmart“ ќе отпаднат едвај 3,7%. Следуваат „Home Depot“, „Best Buy“, „QVC Group“, „Macy’s“, „Costco“ и „Wayfair“.

Исто така е изненадувачки фактот дека пазарот на Amazon расте – т.н. Marketplace е платформа за e-трговија, која е во сопственост и е управувана од „Amazon“ и која им овозможува на продавачи од трети страни да тргуваат, наместо купувачот да купува еден од сопствените брендови на „Amazon“.

Продажбата генерирана од пазарот, ќе биде повеќе од два пати над директна продажба на Amazon во САД до крајот на годината, вели eMarketer. До 2019-та година, продажбата ќе генерира повеќе од 70% од севкупниот бизнис на е-трговија на Amazon.

Продолжи со читање

Анализи

Доларот јакне, инфлацијата во САД во пораст

Објавено

на

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте светски валути, минатата недела се зголеми за 0,8 проценти, односно на 94,74 поени, што е највисоко ниво во последните две недели.

На меѓународните пазари вредноста на доларот во однос на другите валути минатата недела се зголеми значително, бидејќи САД ги зајакнаа инфлациските притисоци, па повторно заживеаја шпекулациите дека Банката на федерални резерви до крајот на годината може да ги зголеми каматните стапки уште двапати.

Цената на американската валута, исто така, скокна за 1,7% во однос на јапонскиот јен, на 112,35 јени. Доларот, исто така, зајакна и во однос на европската валута, па стапката на еврото се намали за 0,5 отсто на 1,1685 долари.

Продолжи со читање

Анализи

Златните резерви на моќните држави

Објавено

на

Ако ги рангираме топ 10 најдобрите централни банки во светот нема да забележиме голема промена од година во година. Но, тоа што ќе го забележиме како промена е големината на нивните резерви. Сепак, ниту една држава не може да го надмине САД.

Шест години по ред пак Русија е најголемиот купувач на злато, и нејзините резерви веќе надминуваат 220 тони, претекнувајќи ја Кина, која е на петтото место, покажува истражувањето GFMS Gold Survey.

Земјите со најголеми резерви на злато во првите месеци од 2018 година:

1. САД – 8133,5 тони / 75,2% од резервите на земјата;

2. Германија – 3371 тони / 70,6% од резервите на земјата;

3. Италија – 2451,8 тони / 67,9% од резервите на земјата;

4. Франција – 2436 тони / 63,9% од резервите на земјата;

5. Русија – 1909,8 тони / 17,6% од резервите на земјата;

6. Кина – 1.842,6 тони / 2,4% од резервите на земјата;

7. Швајцарија – 1040 тони / 5,3% од резервите на земјата;

8. Јапонија – 765,2 тони / 2,5% од резервите на земјата;

9. Холандија – 612,5 тони / 68,2% од резервите на земјата;

10. Индија – 560,3 тони / 5,5% од резервите на земјата;

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange