Connect with us

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ги објави деловната политика и развојниот план за периодот од 2021 – 2023 година

Објавено

на

ТТК Банка е универзална банка, партнер за малите и средни претпријатија во Македонија, која креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето на долгорочно партнерство. Вредностите кои имаат посебно место во секојдневното работење и секојдневно се негуваат се довербата, одговорноста и тимската работа.

Очекувани макроекономски услови за 2021 – 2023 година

  • Глобално окружување

Најновите согледувања на ММФ од јануари за растот на светската економија се поповолни во споредба со октомвриските проекции како резултат на одобрувањето повеќе вакцини за употреба и почетокот на вакцинацијата во дел од развиените земји од декември 2020 година. Поголем моментум на придвижување се очекува во вториот квартал од 2021 година, како резултат на зајакнување на економските активности кои зависат од физичко присуство и контакт. Следствено на тоа, предвиден е годишен раст на БДП од 5,5%, 4,2% и 3,8% во 2021, 2022 и 2023 година, соодветно. Во однос на ризиците од октомври, појавата на вториот бран на пандемијата е еден од надолните ризици којшто се оствари, додека постигнувањето договор за Брегзит во декември 2020 година претставува отстранување на еден значаен негативен ризик. Сепак, високата неизвесност и понатаму постои, како и ризиците главно поврзани со развојот на пандемијата и изгледите за справување со неа.

  • Макроекономско окружување

Согласно со објавените податоци за БДП, во 2021 година се предвидува закрепнување – раст на економијата од 3,9%, со позитивен придонес на сите компоненти на растот во услови на поповолно надворешно и домашно окружување и намалена неизвесност, што поволно ќе влијае врз одлуките за инвестирање и потрошувачка, кои ќе бидат поддржани и од солидна кредитна активност. На среден рок е предвидено поумерено закрепнување со стапки на раст од 3,6% и 4% во 2022 и 2023 година, соодветно.

  • Банкарски сектор

Годишната стапка на раст на вкупните кредити во февруари 2021 година изнесува 4,4% и е под проектираниот годишен раст од 6% за крајот на 2021 година, додека пак, на среден рок се предвидени годишни стапки на раст од 6,6% и 7,6% за 2022 и 2023 година, соодветно.

Годишната стапка на раст на вкупните депозити во февруари 2021 година изнесува 7,1% и е над проектираниот годишен раст од 6,2% за крајот на 2021 година, додека пак, на среден рок се очекува забрзување на растот од 7,6% во 2022 година и 8,2% во 2023 година.

Стратегиски цели на ТТК Банка АД Скопје за 2021 година

  • Одржување и јакнење на позицијата во банкарскиот сектор во РСМ преку:
    – одржување или зголемување на пазарното учество во клучните сегменти;
    – континуиран умерен раст на вкупната актива;
    – одржување на финансиската и капиталната стабилност соодветно на развојните цели за раст, кое подразбира оптимален капитал, оптимални извори на финансирање, оптимална ризично пондерираната актива како и оптимална ликвидност и сигурност.
  • Остварување на профитабилно работење преку:
    – развој на флексибилни деловни практики кои овозможуваат одржливост во пазарната конкуренција;
    – претпазливо преземање прифатливи ризици;
    – оптимизација на ресурсите и трошоците со континуирано јакнење на ефикасноста, економичноста и продуктивноста во работењето.
  • Kонтинуираното и навремено усогласување на своето работење со:
    – законската регулатива и мерките на монетарната власт;
    – супервизорските стандарди и основните начела и принципи на корпоративно управување;
    – целосно практикување на основните банкарски принципи, користејќи примери од најдобри банкарски пракси.

Основни приоритетни цели на ТТК Банка АД Скопје за 2021 година

  • Одржување на стабилен поврат на капиталот и раст на добивката по вработен;
  • Одржување на солвентноста и обезбедување адекватно ниво на капитал спрема ризиците на кои е изложена Банката во рамки на екстерно и интерно пропишаните лимити;
  • Одржување на стабилна ликвидносна позиција и структурна ликвидносна усогласеност, во рамки на пропишаните регулаторни и интерни лимити;
  • Зајакнување на кредитно депозитните активности со цел одржување и зајакнување на пазарното учество во банкарскиот сектор на Република Северна Македонија, со истовремено зајакнување на активностите и во другите клучни сегменти;
  • Одржување на квалитетот на кредитното портфолио и намалување на учеството на нефункционалните кредити во вкупното кредитно портфолио на Банката;
  • Зголемување на уделот на работа со населението во вкупните активности на Банката и задржување на фокусот за работа со МСП;
  • Фокус на развој и обезбедување на широка понуда на производи и услуги на малите и средни претпријатија („МСП“) и населението и подршка на развој на услуги од областа на електронско и самоуслужно банкарство;
  • Продолжување со ефикасна политика за оптимизација на трошоците и ризиците;
  • Развој и усовршување на информатичката технологија во сите сегменти од работењето;
  • Зголемување на користењето на електронските (продажни канали) сервиси на Банката од страна на правните и физичките лица во Република Северна Македонија;
  • Континуирано усовршување на организацијата на работење на Банката и управување со човечките ресурси на начин што ќе обезбеди повисок квалитет на услуги;
  • Управување со човечките ресурси во Банката во правец на обезбедување континуиран развој и раст на знаењата на вработените, зајакнување на стручноста и на способностите во управувањето со процесите, како и во контролите и следењето на остварување на резултатите и на поставените цели;
  • Одржување на својот изграден имиџ на општествено одговорна компанија;
  • Унапредување на доброто корпоративно управување во Банката;
  • Континуирано усогласување на работењето со законската регулатива и супервизорските стандарди на работење.

Среднорочна стратегија на ТТК Банка АД Скопје за период од 2021 – 2023 година

  • Одржување и зајакнување на позицијата во банкарскиот сектор на РСМ преку континуиран годишен раст на вкупната актива во наредниот среднорочен период.
  • Одржување и зајакнување на пазарното учество со одржување или зголемување на учеството на Банката во банкарскиот сектор во клучните сегменти.
  • Зајакнување на финансиската и капитална стабилност соодветно на развојните цели за раст.
  • Континуирано и навремено усогласување на своето работење со законската регулатива и мерките на монетарната власт.
  • Остварување на профитабилно работење кое ќе реализира со развој на флексибилни деловни практики кои овозможуваат одржливост во пазарната конкуренција, со превземање на прифатливи ризици, со оптимизација на ресурсите и трошоците, како и со континуирано јакнење на ефикасноста, економичноста и продуктивноста во работењето.
  • Клучните финансиски индикатори кои Банката со своето работење ќе се стреми да ги оствари во периодот кој следи се:  – Стапка на поврат на капиталот (RОЕ) да достигне до 11,5% до 2023 година.
    – Одржување на стапката на адекватност на капитал над 14,75%.
    – Пораст на коефициентот за покриеност на кредитите со депозити (Loan to deposit ratio) од 78% во 2021 до 82% во 2023 година.
  • Среднорочната стратегијата на Банката поставена во рамките на соодветно формулирана рамка на управување со ризиците, капиталот и ликвидноста ќе продолжи да зазема позитивен моментум во текот на наредниот среднорочен период. Банката и понатаму ќе се стреми да понуди единствено банкарско искуство за клиентите и ќе има за цел да постигне одржлив и профитабилен развој. Корпоративната одржливост на банката претставува можност да се постигнат очекувањата на сите акционери и да се исполнат обврските и во иднина. За таа цел, Банката и понатаму постојано ќе одржува рамнотежа помеѓу здравата профитабилност и исполнувањето на потребите на клиентите, преку поддршка на нивните деловни потреби, станувајќи партнер од доверба и во исто време покажувајќи свесност за општеството со поттикнување на одговорно однесување.

Целиот развоен план и деловната политика со финансискиот план на ТТК Банка АД Скопје можете да ги погледнете на следниов линк.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно