Домашни банки
ТТК Банка АД Скопје во поддршка на културата како спонзор на 61-то издание на „Охридско лето“


Во правец на својата посветеност за поддршка на развојот и афирмацијата на културните вредности, ТТК Банка и оваа година е спонзор на 61-то издание на реномираната културна манифестација „Охридско лето“.
На 12 јули на сцената на Античкиот театар се одржа свеченото отворање на 61-то издание на културната манифестација „Охридско лето“, со познатото руско балетско дело „Големиот Чајковски“. Големата возбуда на сцената пред фестивалската публика ја донесоа 90 уметници од Националната опера и балет, приближувајќи ѝ ја магијата што ја носи музиката, играта, природата, историјата и убавината на градот Охрид.
Во изминатите 60 години, фестивалот „Охридско лето“ се потврди како една од најзначајните домашни културни манифестации којашто истовремено ги одразува европските и светски културни текови. Во претстојниот период, до 20-ти август, на сцената ќе настапат повеќе од 500 уметници од 18 држави од Европа и целиот свет, со изведба на извонредни 34 уметнички концерти и 6 театарски претстави, а како потврда за квалитетот, големината и препознатливоста на оваа манифестација.
Публиката ќе има можност да ужива во богатата уметничка програма на повеќе сцени како што се Античкиот театар, предворјето на Света Софија, Долни Сарај и Центарот за култура „Григор Прличев’’. За времетраењето на фестивалот ТТК Банка ќе реализира промоции каде што корисниците ќе може да се информираат за производите и за услугите на Банката и да добијат летни промотивни подароци.
ТТК Банка како банка со традиција и искуство, од една, и иновативност и ентузијазам, од друга страна, успешно имплементира стратегија за општествена одговорност споделувајќи го својот успех со пошироката заедница преку поддршка на активности коишто претставуваат вистинска вредност.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје