Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Тројца банкари извршиле измама и повлекле две милијарди долари преку Мозамбик

Објавено

на

Тројца поранешни банкари на Credit Suisse се уапсени поради наводна улога во проневера на две милијарди долари преку фирма во Мозамбик, соопштија американските власти.

Во обвинението се вели дека преку серија од финансиски трансакции се повлекле повеќе од 2 милијарди долари преку заеми гарантирани од страна на владата во Мозамбик.

Банкарите се пуштени со плаќање на кауција во Лондон, а САД бараат тие да бидат испорачани. Уапсени се уште две лица, а меѓу нив е поранешниот министер за финансии на оваа африканска земја, Мануел Чанг, како и бизнисменот Жан Бустани

Поранешните службеници на швајцарската инвестициска банка се уапсени во Лондон. Ендрју Пирс, Сурџан Синг и Детелина Субева се обвинети пред американскиот окружен суд во Њујорк. Тие се теретат дека ги измамиле инвеститорите преку серија финансиски трансакции од 2013 година до 2016 година.

Банкарите креирале граѓански проекти заради собирање пари за лично богатење и свесно ги пренасочиле дел од заемите во облик на мито од 200 милиони долари на себе, на властите од Мозамбик и на останатите, се наведува во обвинението.

Банката Credit Suisse соопшти дека обвинетите поранешни банкари ги „избегнале сите внатрешни контроли“ и извршиле измама поврзана со властите во Мозамбик.

 

 

Платежни картички

МастерКард се соочува со казна од 14 милијарди фунти!?

Објавено

на

Американската компанија за финансиски услуги, Мастеркард се соочува со еден од најголемите судски процеси во историјата, и доколку го изгуби случајот, тогаш на секој корисник во Велика Британија ќе должи по 300 фунти. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Тевдовски: СБ ќе одобри 420 милиони долари за инфраструктурни проекти и вложување во човечки капитал

Објавено

на

Бордот на директори на Светска банка набргу ќе ја усвои Рамката за партнерство 2019-2023 со која на Република Северна Македонија и се ставаат на располагање 420 милиони долари. Тие се наменети за проекти во областа на инфраструктурата, пододобрување на климата за стопанисување и инвестирање во човечкиот капитал. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски по средбата со директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Европската централна банка до крајот на годината нема да ја менува основната камата

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека планира сегашната рекордно ниска основна каматна стапка да не ја менува до крајот на годината, во услови на неизвесни перспективи на економијата во Еврозоната. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange