Connect with us

Компании

Тројцата наследници на Глигорие Гоговски поседуваат над 20% од сопственоста во Тетекс АД Тетово

Објавено

на

Банкарство.мк неодамна објави дека во 79-та година од животот, во Тетово, почина м-р Глигорие Гоговски, една од најзначајните и најистакнатите македонски личности од стопанствениот, општествениот и политичкиот живот.

Долгогодишниот генерален директор на волнарскиот комбинат „Tетекс“ oд Тетово беше успешен пример за стопанската, финансиската и општествената фела, а неговото долгогодишно успешно делување на пазарот ќе претставува инспирација, поттик и пример за креирање вредност за помладите генерации.

Како прв човек на „Tетекс“ oд Тетово и претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, господинот Глигорие Гоговски со својата професионална експертиза остави големо наследство, но пред се на своите наследници им ја остави сопственоста во неговата компанија „Tетекс“.

Акциите кои тој ги поседуваше во „Tетекс“, сега преминуваат во рацете на неговите наследници – Иванка Гоговска, Лоди Гоговска и Бобан Гоговски.

Досега, поранешниот директор на познатиот текстилен комбинат поседуваше 12,76 проценти од акцииите и тој беше единствениот сопственик во компанијата со над 5 проценти од капиталот на „Tетекс“ oд Тетово, кои се покажуваат на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Но, со преминувањето на неговите акции во рацете на неговите наследници, од „Tетекс АД Тетово“ преку Македонска берза информираат дека сега бројот на иматели на акции со над 5 проценти во компанијата се зголемува.

„Согласно член 38 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, за обелоденување на ценовно чувствителни информации на акционерските друштва ја објавуваме следнава информација: Тетекс АД Тетово известува дека е настаната промена на сопственост врз акции, на начин што одредени сопственици се стекнаа со над 5 отсто од вкупниот број на акции со право на глас издадени од Друштвото, и тоа како следи:

  • Иванка Гоговска – 28.647 акции, односно 6,92 % од вкупно издадени 414.171 акции со право на глас издадени од Друштвото;
  • Лоди Гоговска – 27.610 акции, односно 6,67% од вкупно издадени 414.171 акции со право на глас издадени од Друштвото;
  • Бобан Гоговски – 27.612 акции, односно 6,67% од вкупно издадени 414.171 акции со право на глас издадени од Друштвото;”, се вели во соопштението на Тетекс АД Тетово објавено на Македонска берза.

Тоа значи дека наследниците на Глигорие Гоговски и досега имале помал процент од акциите на компанијата, а сега ги добиваат и акциите на нивниот сопруг или татко, и нивните акционерски пакети сега ќе изнесуваат над 5 проценти од сопственоста и ќе бидат објавени во Централниот депозитар.

Со оглед на податокот дека Тетекс АД Тетово е најголем акционер во ТТК Банка, тоа значи дека наследниците на Глигорие Гоговски освен акциите кои ги наследиле во семејната компанија, наследиле и акции во ТТК Банка АД Скопје.

Компании

Работна средба на Македонската берза со Сојузот на стопански комори

Објавено

на

По повод одбележување на годишнината од првиот ден на тргување на Македонска берза – 28 март 1996 година, главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје, Иван Штериев и неговиот тим ќе имаат работна средба со членките на Сојузот на стопански комори, предводени од претседателот на оваа Комора, Трајан Ангелоски. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Триглав Осигурување Живот и Комерцијална банка со уникатна можност за обезбедување на корисниците на кредит при несакани животни ситуации

Објавено

на

Секој од нас има желби и соништа и тежнее кон тоа да си дозволи убави нешта за себе и за најблиските. Но, можеби овој момент не е најповолен за остварување на замислите или, пак, сме скептични да направиме нешто повеќе, стравувајќи за личната и иднината на своето семејство. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Иуте донира 12 000 евра за фамилиите засегнати од земјотресот во Турција

Објавено

на

Компанијата Иуте донираше 12 000 евра за фамилиите од Турција засегнати од земјотресот. Минатиот месец, Ѓоксу Тугаи – групациска директорка за корисничко искуство во групацијата Иуте започна донаторска акција за вработените за поддршка на фамилиите во Турција засегнати од земјотресот. Како резултат на донациите повеќе од 12 000 евра беа собрани и донирани. Средствата се донирани на невладина организација која внимателно беше избрана – Türkiye Earthquake Relief Fund, која заедно со организацијата AHBAP се вклучени во помош при земјотреси низ годините. (more…)

Продолжи со читање

Популарно