Лични финансии
Три работи кои морате да ги знаете пред да земете кредит


Планирате да земете кредит? Овие се неколку основни работи кои мора да ги знаете пред да влезете во банка.
Влеговме во новата 2021 година и веќе ја надминавме една од најтешките, една кризна година во која научивме дека здравјето ни е најважно од се, година во која научивме да живееме со новото „нормално”. Во годината којашто ни претстои се надеваме дека животот полека, но сигурно ќе ни се врати во нормала, дека луѓето повторно ќе почнат да се дружат и најубавите моменти кои ни ги подарува секојдневниот живот ќе ги поминуваат заедно.
Почетокот на годината значи и нови планови, нови инвестиции, но и финансиско планирање на претстојните 12 месеци.
За луѓето на кои им се неопходни финансиски средства и планираат да одат во банка и да подигнат кредит, решивме да ги советуваме за три работи кои се неопходни да ги знаат пред да аплицираат за кредит.
Во една банка треба да поставите три јасни прашања:
- Kолку ќе ме чини да земам кредит?
- колку ќе ми биде месечната рата? и
- Kолку вкупно пари ќе треба да вратам вклучително со каматата?
Колку ќе ви биде ратата и колку навистина ќе ве чини тој кредит се клучни податоци кои ви се од неопходно значење да ги знаете.
Дали е значајно во која валута ќе биде кредитот?
- Луѓето се оптоваруваат за многу работи во врска со кредитите. Дали кредитот ќе биде во денари или во евра е сеедно. Потрошувачките кредити обично се издаваат во денари, станбените, хипотекарните и автомобилските кредити најчесто во евра, но исто така и во денари. Сепак, многу поважно од тоа во која валута е кредитот, е тоа дали сте финансиски способни да го исплатите до крај.
Доаѓаме до најважното, а тоа е дали сте кредитоспособни таа месечна рата да ја враќате во одреден број на години. Доколку имате висока рата која редовно ќе ја плаќате, но низ годините не ќе можете да купите ниту нова облека, ниту пак да одите на одмор на море, износот на кредитот или рокот на отплата не се соодветно прилагодени.
Кредитните референти во банка, се поставени секогаш да продадат максимален износ на кредит, без разлика дали толкав износ ви е потребен или не. Затоа, пред да се одлучите да подигнете кредит, аплицирајте само за износот кои навистина ви е неопходен, а не колку што ви нудат кредитните референти во банка. Секој дополнителен износ на кредит, значи и дополнителни камати и провизии.
Секако дека пари секогаш ќе ви бидат потребни, но кредит се зема само за тоа што ви е најнеопоходно.
Лични финансии
Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии


Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)
Лични финансии
Десет навики на луѓето со најголема самодоверба


Ko-oсновачот на компанијата Sky Bell, Ендрју Томас, ги сподели своите искуства и размислувања за кои верува дека луѓето кои сакаат да градат доверба е потребно да ги имаат. (more…)
Лични финансии
Како најдобро да ги користите платежните картички додека сте на одмор?


Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје