Connect with us

Лични финансии

Три работи кои морате да ги знаете пред да земете кредит

Објавено

на

Планирате да земете кредит? Овие се неколку основни работи кои мора да ги знаете пред да влезете во банка.

Веќе е крај на месец август и повеќете луѓе се веќе на одмор или сеуште размислуваат каде да одат. Меѓутоа, ние решивме да ги советуваме оние кои можеби овие денови планираат да одат во банка и да аплицираат за кредит.

Во една банка треба да поставите три јасни прашања – колку ќе ме чини да земам кредит, колку ќе ми биде месечната рата и колку вкупно пари ќе треба да вратам вклучително со каматата.

Колку ќе ви биде ратата и колку навистина ќе ве чини тој кредит се клучни податоци кои ви се од неопходно значење да ги знаете.

Дали е значајно во која валута ќе биде кредитот?

  • Луѓето се оптоваруваат за многу работи во врска со кредитите. Дали кредитот ќе биде во денари или во евра е сеедно. Потрошувачките кредити обично се издаваат во денари, станбените, хипотекарните и автомобилските кредити најчесто во евра, но исто така и во денари. Сепак, многу поважно од тоа во која валута е кредитот, е тоа дали сте финансиски способни да го исплатите до крај.

Доаѓаме до најважното, а тоа е дали сте кредитоспособни таа месечна рата да ја враќате во одреден број на години. Доколку имате висока рата која редовно ќе ја плаќате, но низ годините не ќе можете да купите ниту нова облека, ниту пак да одите на одмор на море, износот на кредитот или рокот на отплата не се соодветно прилагодени.

Кредитните референти во банка, се поставени секогаш да продадат максимален износ на кредит, без разлика дали толкав износ ви е потребен или не. Затоа, пред да се одлучите да подигнете кредит, аплицирајте само за износот кои навистина ви е неопходен, а не колку што ви нудат кредитните референти во банка. Секој дополнителен износ на кредит, значи и дополнителни камати и провизии.

Секако дека пари секогаш ќе ви бидат потребни, но кредит се зема само за тоа што ви е најнеопоходно.

Лични финансии

Како да заштедиме пари додека патуваме во Европа?

Објавено

на

Секогаш кога патуваме се прашуваме дали сме го организирале патувањето така што цело време ќе се чувствуваме удобно, без да потрошиме цело богатство. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Корисни совети за оптимизирање на повиците за акција преку е-пошта

Објавено

на

Без оглед на видот на е-поштата, главната цел на секој повик за акција е да ги охрабри луѓето да преземат акција. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Што е лидер?

Објавено

на

Тоа е толку едноставно прашање, но сепак продолжува да ги збунува дури и некои од најдобрите мислители во бизнисот. Има доста книги за лидерството, но сепак е тешко да се застане за да се дефинира. (more…)

Продолжи со читање

Популарно