Connect with us

Електронско банкарство

Три нови функционалности во електронското банкарство на Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Електронското банкарство за физички и правни лицa на Силк Роуд Банка од денес е збогатено со три нови функционалности и тоа: девизен пазар, девизни плаќања и девизни приливи.

Имено, сега сите физички и правни лица кои имаат девизна сметка во банката и го користат електронското банкарство ќе можат да вршат плаќања во странска валута преку системот, преглед и увид на девизни приливи, како и можност за купопродажба-менувачница на девизи. До апликацијата за електронско банкарство може да се пристапи на следниов линк – (за правни лица) или тука (за физички лица).

Силк Роуд Банка и понатаму продолжува да го развива системот на електронско и мобилно банкарство во насока на следење на потребите на физичките и правните лица преку поедноставување на услугите и воведување на нови функционалности на системот за електронско и мобилно банкарство.

Електронско банкарство

Повеќе од 30 говорници од 9 држави ќе учествуваат на првата Конференција за е-трговија во Македонија


Објавено

на

Организаторите на првата годишна македонска Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 26-ти октомври во хотел Мериот во Скопје, ја објавија финалната програма. Агендата е составена од поздравни обраќања, главни говори, панел дискусии и неколку изненадувања за учесниците, а ќе биде реализирана од страна на триесетина говорници од 9 држави. Покрај локалните учесници и експерти за е-трговија, ќе има говорници и од Калифорнија (САД), Велика Британија, Чешка, Словенија, Бугарија, Србија, Полска и Белгија. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

МОЈА БАНКА, Мобилна банка на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

MОЈА БАНКА апликација на Охридска банка Сосиете Женерал која Ви овозможува Вашиот мобилен уред да биде Ваша подвижна виртуелна експозитура преку која на брз, сигурен и лесен начин имате информација за сите Ваши сметки, кредитни картички, кредити, депозити, а можете да правите плаќања кога било и од каде било.

Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете преку Google Play Store или Apple App Store, а поддржува верзии на оперативните системи Android и IOS не постари од Android 4.2 и IOS 7.0.  Еден корисник може апликацијата да ја користи на максимум три различни уреди.

Достапна е за користење на 3 јазици: македонски, албански и англиски.

Со максимална сигурност на располагање Ви се следниве услуги:

  • Пристап до Вашите сметки, состојбата и расположливите средства, во секое време (преглед на состојба, промет за период, структура на картични трансакции, увид во извршените налози, амортизациони планови, напредно пребарување на налози, преглед на кредити, кредитни и дебитни картички, кредити, депозити и сл.)
  • Креирање на ПИН-код за поедноставно и побрзо најавување без да се загрози безбедноста на вашите финансиски информации
  • Користење на готови шаблони за брзи плаќања на сопствени сметки, уплати за кредити и кредитни картички и други плаќања
  • Користење на готови шаблони за брзо плаќање на режиски трошоци (вода и комуналии, струја, парно, телекомуникации, кабелски оператори, радиодифузна такса итн.)
  • Извршување на налози за плаќање преку стандардните обрасци ПП30 и ПП50, со можност за избор од сопствените сметки (Мои сметки)
  • Извршување на конверзија на девизи помеѓу Вашите сметки
  • Калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на Банката
  • Курсна листа со напреден преглед
  • Лоцирање на банкоматите и експозитурите на Банката со можност за креирање на локациска маршрута, увид во работното време на филијалите и нивните контакт-податоци
  • Нотификациско сандаче за прием на известувања

Апликацијата можете да ја користите дури и доколку не сте клиент на Банката. Едноставно, само симнете ја апликацијата и ќе можете да ги користите јавно достапните услуги за нашите производи и услуги, геолокациските услуги за наоѓање на најблиска експозитура или банкомат.

Посетете ја најблиската експозитура и станете корисник на Моја банка.

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Асоцијацијата за е-трговија доделува 5 бесплатни влезници за првата конференција за е-трговија во Македонија

Објавено

на

Студентите се важен сегмент во општеството на една земја чија креативност и визија е секогаш добредојдена преку иницијативите за имплементација на иновативни проекти или научни трудови кои ќе придонесат кон поедноставување на секојдневнието. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange