Connect with us

Business Woman

Три Македонки прогласени за „Најжена на 21 век“ во Белград

Објавено

на

Агенција „Марили“ која 24 години ја поддржува успешноста на жената во бизнисот како претприемач, менаџер и лидер се гордее со проширувањето на соработката на бизнисите предводени од жени на регионално ниво. Токму жените менаџери – лауреатки од манифестацијата на „Марили“ – „Избор на топ 10 најуспешни жени менаџери од Македонија“ се дел од наградените на регионалната манифестација „Најжена на 21. век“, што претставува верификација на напорите на агенција „Марили“ да ја промовира успешната жена во бизнисот во нашата земја, но и надвор од неа.

Три Македонки се најдоа меѓу 22 најуспешни извршни директори, раководители, менаџери и претприемачи и беа прогласени за „Најжена на 21.век“ на регионалниот бизнис настан што на почетокот на декември се одржа во Белград.


За „Најжена на 21 век“ се прогласени Ерина Кочева, менаџер на „Калемар комерц“ од Свети Николе, компанија на која и беше доделена награда за најуспешен бренд на 21 век од агроиндустрија, Марина Анчевска, меѓународен мотивациски и конференциски предавач, сопственик на Центар за бизнис психологија, прогласен за најуспешна компанија на 21 век во Југоисотчна Европа и Нина Шерифовска, извршен директор на „Парк резиденс“ Скопје добитник на регионалната награда за најуспешен луксузен комплекс на 21 век.

Регионалната манифестација „Најжена и најмаж на 21 век“ традиционално ги собира на едно место најуспешните жени и мажи кои можат да застанат зад епитетот најодговорни и најуспешни носители на одлуки. Настанот, што се одржува во организација на „Аирли ниво“ од Белгад, предводена од Слаѓана Обрадовиќ Петровиќ, а чиј поддржувач е и агенција „Марили“ претставува комбинација од луѓе, искуство и атмосфера и нуди нешто поразлично од традиционалниот тип на маркетиншки настани.

Извор: marili.com.mk

Business Woman

Извршната Директорка на Триглав Осигурување – Живот, Вилма Учета Дузлевска, ја прими наградата „Business Elite Awards” бренд на „Global Top Brands Awards”

Објавено

на

Наградата за успешен бизнис лидер на настан организиран од познатата „Business Elite Awards” оваа недела во Истанбул, Турција на свечен церемонијален настан ја прими Вилма Учета Дузлевска, долгогодишен извршен директор и голем познавач во областа на осигурувањето. (more…)

Продолжи со читање

Business Woman

Маја Наумовска Савеска од Халкбанк ќе ја претставува нашата земја во стручното жири на КАКТУС 2021

Објавено

на

Помеѓу 15-те избрани маркетинг и креативни професионалци кои го сочинуваат регионалното стручно-жири на овогодинешното издание на КАКТУС фестивалот, што ќе одлучи за најдобрите проекти, кампањи, компании, институции и агенции од минатата година во соседна Србија, се наоѓа и еден претставник од нашата земја. (more…)

Продолжи со читање

Business Woman

Ангеловска дел од висок политички форум за одржлив развој на ООН

Објавено

на

Во понеделникот, во рамки на високиот политичкиот форум за одржлив развој, на тема „Одржливо и еластично закрепнување од пандемијата со Ковид-19 што ги промовира економските, социјалните и еколошките димензии на одржливиот развој: градење на инклузивен и ефективен пат за постигнување на 2030 Агендата во контекст на деценијата на дејствување и испорака на одржливиот развој”, се одржа интерактивна панел дискусија на која учествуваше и претседателката на АЕТМ и поранешната министерка за финансии – Д-р. Нина Ангеловска. (more…)

Продолжи со читање



Популарно