Connect with us

Домашни банки

ТРИФУН vs. ХАРИ: Кокетирање преку берза, без конкретна понуда!

Објавено

на

Јасно е како ден дека Комерцијална банка и Еуростандард банка кокетираат (настојуваат да си се допаднат меѓусебе) преку соопштенија објавени на веб страната на Македонска берза.

Откако Комерцијална банка во четвртокот се изјасни дека ги разгледува можностите да ги откупи акциите од Еуростандард банка, од таборот на Костовски во петокот реплицираа дека ќе пристапат кон размена на информации со цел успешна продажба.

Годишниот извештај на Еуростандард банка за 2018 година вели дека банката располага со актива од 11,8 милијарди денари, но банката во 2018 година работела со загуба која изнесувала 6,1 милиони евра.

Дополнително, во извештајот од ревизорската куќа е нотирано дека заклучно со 31.03.2019 година не е постигната бараната адекватност на капиталот побарана од НБРСМ.

Позитивен импакт во работењето на Комерцијална банка од евентуалното спојување со Еуростандард банка би било користењето на мрежата на филијали, особено ако се има предвид дека Еуростандард банка има извонредна соработка со Македонска пошта, како и големиот број на клиенти и солидната наплата на провизии на шалтер.

 

Акционерската структура на Еуростандард банка ја сочинуваат два еднакви субјекти со идентични права и обврски (E.H.H Eastern Hemisphere Holding SA и G.O.F.I. Group of Finance and Investment SA) кои поседуваат 18.000 акции со право на глас со номинална вредност од 1.000 евра по акција.

Дали купопродажната цена ќе биде дефинирана како минималната на износ од 18 милиони евра или станува збор за поинаков евентуален Договор помеѓу овие две Банки останува да видиме во периодот што следи.

 

Домашни банки

НЛБ Банка: Известување за неработен ден 05.06.2020 година

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека по повод престојниот православен празник „Духовден“, експозитурите на Банката нема да работат на 05.06.2020 година (петок). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

HalkEco Хронометар 10KM ќе се трча со примена на мерки за заштита од коронавирусот

Објавено

на

Првата Хронометар атлетска трка HalkEco Хронометар 10KM што во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје и со поддршка на Халкбанк како генерален покровител, ќе се одржи идната сабота (13 јуни), заради моменталната состојба со коронавирусот ќе биде организирана со почитување на препораките од Владата и протоколите донесени од Комисијата за заразни болести. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработен ден 05.06.2020 (петок)

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека по повод престојниот православен празник „Духовден“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 05.06.2020 (петок). (more…)

Продолжи со читање

Популарно