Connect with us

Останато

Трифун Костовски: Ја барам вистината, а тој што се огрешил нека одговара

Објавено

на

Сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски и тројца бизнисмени денеска обвинија за злоупотреби од страна на банки и порачаа дека државата не ја водат политичките партии туку, како што рекоа, неколку луѓе, кои како домашни кредитори се јавуваат како сопственици на државата.

Сопствениците на фирмите Кубус и Еурека информатика, Златко Тодоров и Војо Татабитовски-Артник, на денешната прес-конференција порачаа дека без нивно знаење на нивните сметки биле префрлени пари во износ од 500 илјади односно 250 илјади евра од Комерцијална банка. Во првиот случај во 2013 година преку Еуростандард банка, иако воопшто немал сметка таму сопственикот на Кубус, а во вториот во 2009 година се репозицонирани на Кираца Трајковска без знаење на сопственикот Татабитовски-Артник, кој во тоа време не бил во државата повеќе од четири месеци. Третиот оштетен сопственик е докторот Адил Мустафаи кој ја започнал изградбата на првата приватна болница во земјава Шендети во 2002 година, вредна 10 милиони евра, која како што рече, никогаш не била отворена бидејќи од 2005 година имал проблеми со УНИБанка од каде трпел уцени и лаги. За тврдењата покажаа пишани документи и компјутерски фајл и рекоа дека сите документи веќе ги има Обвинителството, но никој не презема ништо.

„Самата природа на настаните не натера нас четворица бизнисмени да се споиме зашто сме оштетени од девијантните појави на одредени банки. Со Тодоров од Кубус се најдовме затечени бидејќи и мојата банка е влезена во неговите шеми во кои се вртеле пари, а тој ниту има своја сметка во Еуростандард банка, ниту е клиент во банката, но преку Комерцијална банка и Еуростандард банка му се префрлени речиси два милиони евра без знаење ниту на акционерите нити на мене како претседател на Надзорен одбор, ниту, пак, со негово знаење. Тука се работи за организиран криминал”, истакна Костовски.

„Сите патишта водат кон Комерцијална банка. Како претседател на Надзорен одбор и акционер немав поим дека мојот директор на кредитирање Богатиновски пренесува пари на сметката на Кубус по налог на Иљо Иљоски. Тоа сега го осознавам, а не се ни познаваме со човекот, а и од Кубус не знаат дека е пренесено кај нив и тоа го дознаваат од изводот”, појасни Костовски.

Ја барам вистината, посочи Костовски,  а тој што се огрешил нека одговара.

„Обвинителството нема никакви докази против мене и мислам дека овој акт за носење наредба на обвинителството е изнуден од моја страна, бидејќи цело време инсистирам да бидам повикан од било која институција за да дадам свој исказ во врска со Еуростандард банка. Обвинението за перење пари во најмала мерка е смешно и не е издржано”, рече Костовски.

Во моментот на затворање на Еуростандард банка, посочи, на конто во готово имаше 27 милиони евра.

„Ако сум имал намера да перам или да крадам пари имаше илјада начини како можев тие пари да ги извадам. Не сум ни сонувал дека ќе ми ја носат банката во стечај. Парадоксот е што ние како поранешна филијала на Комерцијална банка отидовме во стечај, а Комерцијална банка дели дивиденди и купува акции и понатаму се развиваат. Какво било партнерството ако едната банка цвета, а другата оди во понор. Тоа се случи бидејќи рековме не за девијантни работи. И десет пати да изгубам фирми тоа пак ќе го направам. Ако сум виновен уште утре ќе одам во затвор, не сум кукавица да бегам”, рече Костовски.

Како акционер, додаде, мене и на мојот син ни се замрзнати имотите со цел, како што посочи, да не можеме да преземеме никакви мерки.

„До пари ќе дојдеме само ако го отуѓиме нашиот имот за да покренеме процеси надвор од земјата со цел да дојдеме до правдата. Во актуелните институции сакаат да ни ги ограничат сите финансиски и материјални средства за да не можеме покренеме било каков спор”, истакна Костовски.

Тодоров од Кубус истакна дека во земјава не може да се упропасти банка колку и некој да се труди.

„Има закони кои строго го регулираат тој дел од работењето. Тоа е Законот за трговски друштва. Народна банка е чувар на финансискиот систем, што чуваше и како го чуваше. Кога законите би се следеле како што треба, а не диригирано, е регулирано како и на кој начин по многу строги правила може една банка да постапува. Со доброто или лошото водење на менаџментот во една банка може да и вредат акциите едно евро или еден милион евра, но не може да се упропасти зашто има закон. Прашање е кој дозволи да се упропасти Еуростандард банка”, рече Тодоров.

Останато

Северна Македонија најдобра во регионот според степенот на економски слободи

Објавено

на

Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра од земјите во регионот, покажува извештајот за 2021 година на „Xеритиџ фондацијата”. Според индексот на американската фондација, македонската економија е на 46-то место во светот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Задолжувањето е оправдано кога продуцира повисок економски раст

Објавено

на

При издавањето на државни хартии од вредност, трошокот треба да биде помал од бенефитот кој ќе го продуцира, односно идните стапки на раст на бруто-домашниот производ треба да бидат доволни за да го финансираат долгот, пишува во својата колумна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој истакнува дека е потребна и планирана фискална консолидација, која буџетскиот дефицит и јавниот долг ќе го сведат под мастришкиот критериум на среден рок, а наведува и дека задолжувањето е оправдано, доколку истото продуцира повисоки стапки на економски раст. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во последниот квартал од 2020 година имало 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 941.524 лица, од кои вработени биле 789.552, а 151.972 лица се невработени. (more…)

Продолжи со читање



Популарно