Business Man
Трифун Костовски: На 22 август ќе ја објавам вистината за Еуростандард банка

На 12-ти август 2020 година, Народната банка, постапувајќи согласно со Законот за банките ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. Укинувањето на дозволата се должеше на неисполнување на минимални законски услови за работење на една банка.
Најголемиот акционер во Еуростандард Банка АД Скопје, Трифун Костовски на неколку прес конференции посочуваше дека сценариото за ликвидација на Еуростандард банка се спремало со години, а тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори Еуростандард Банка, си ги повлекле парите навреме.
По речиси две години од објавата на Народната банка дека Еуростандард Банка АД Скопје оди во стечај, Трифун Костовски најави дека на 22 август ќе ја објави вистината за пропаѓањето на неговата Еуростандард банка и ќе го презентира извештајот од неговата приватна истрага.
„Со гордо срце и чиста мисла денеска официјално најавувам дека на ден 22 Август 2022 година во Скопје ќе биде обзнаен извештајот од мојата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка, која се работеше во изминатите 15 месеци.
Овој извештај е направен од тимот на експерти за банкарски криминал под водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија.
Следете ме во борбата против организираниот криминал! Да ја откриеме вистината што пробаа да ја скријат!”, изјави Трифун Костовски.
Business Man
Универзитетскиот професор Борче Треновски: Можен раст на каматите на кредитите, инфлацијата ќе бледнее на крај на годината

Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски. (more…)
Business Man
ТРИФУН КОСТОВСКИ ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА – објасни каде завршиле парите на штедачите од „Еуростандард банка“

Бизнисменот Трифун Костовски ја одржа најавената прес-конференција на која изнесе сензитивни информации од истрагата која ја нарачал во врска со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. Костовски обвини дека парите кои биле повлекувани од неговата Еуростандард банка како кредити без покритие, во најголем дел оделе во фирми од Струмица блиски до поранешниот премиер на државата Зоран Заев. (more…)
Business Man
Андреја Јосифовски го зајакнува својот акционерски капитал во Макпетрол АД Скопје

Макпетрол АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор, се стекна со 220 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје. (more…)
- Анализипред 3 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка
- Домашни банкипред 2 months
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година